Македонија

Словенечките екипи влегоа во борбата со пожарот во Берово

Стигнавме со 17 возила, од тие 7 се специјализирани за гасење шумски пожари, додека вкупно се 61 лице овде од кои 42 пожарникари, останатите служат за логистика и поддршка

Во Берово денеска пристигна словенечкиот екипаж кој се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен, како и останатите пожари во источна Македонија. Пожарникарите од Словенија се сместија на градскиот стадион „Димитар Беровски“, каде по поставувањето на опремата активно се вклучија во теренските интервенции на опожарените места.

Во изјава за МИА, претставник на екипажот Роберт Шкрл изрази длабока солидарност со македонските граѓани и нагласи дека нивниот тим ќе работи во тесна координација со националните и меѓународните служби за да обезбеди ефикасен и навремен одговор на кризата.

Како дел од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (UCPM), Словенија испрати Единица за брзи интервенции – модул за гасење шумски пожари со возила (SI EHI GFFF-V). Мисијата вклучува вкупно 61 лице, меѓу кои менаџмент, логистика, ИТ и медицинска поддршка, како и обучени пожарникари.

-Стигнавме со 17 возила, од тие 7 се специјализирани за гасење шумски пожари, додека вкупно се 61 лице овде од кои 42 пожарникари, останатите служат за логистика и поддршка. Нудиме помош колку можеме се надеваме дека ќе бидеме успешни во тоа гаснење на пожарот – изјави за МИА, Роберт Шкрл од словенската противпожарна експедиција.

Словенечката единица како што доаде е опремена за целосна самостојност, со своја логистика и комуникациска опрема, а првично е планирано нивниот ангажман да трае една недела, со можност за продолжување во зависност од развојот на ситуацијата на теренот.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top