Македонија

Случај „5 тони дрога“: Полицијата интензивно работи, ќе се запленат десетици тони дрога

Акцијата почната од вчера

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во вестите на МРТ зборувајќи за 5-те тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, истакна дека тоа е сериозен случај како резултат на еден проект кој практично беше економска политика на владата на СДСМ и ДУИ и дека очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.

-Тоа е еден озбилен случај. Тоа е еден проект кој во минатото го водеше претходната влада којшто ги доведе голем дел од граѓаните и инвеститорите во заблуда дека на тој начин ќе станат милионери, дека се ќе биде поинаку, економска трансформација. Тоа беше практично економската политика на владата на СДСМ и ДУИ. Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов којашто во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или пак на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека тоа што ќе го слушнат граѓаните деновиве за тоа што се случувало ќе биде навистина катастрофално и дека креаторите на ваквите политики од минатото треба да бидат одговорни за многу млади луѓе коишто станале жртви на ваквиот начин на функционирање.

„Граѓаните ќе бидат сведоци на една многу тешка ситуација и мачна којашто се случувала. Оваа е акција која што трае, не е само од сега, само не сме можеле сега секогаш јавно и транспарентно да објавуваме бројки и податоци, но тоа што ќе го слушнат и видат овие денови граѓаните, па мислам дека вклучително уште денес ќе биде навистина нешто катастрофално и сите оние креатори на тие политики треба да бидат одговорни за многу млади луѓе коишто за жал станале жртви на ваквиот начин на функционирање на одредени политики од минатото“, нагласи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top