Македонија

Снопче: Победник е тој што освоил повеќе гласови на советнички листи

Во секоја општина со мнозинско македонско население, бројот на гласачи е намален, додека во Гостивар е зголемен за 4 илјади во споредба со 2021 година

 

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, изјави дека на во првиот круг од локалните  избори се изнесуваат два спротивставени критериуми, што, според него, е невозможно.

„Вистината е една – и таа се одредува според бројките. Победникот на изборите се одредува врз основа на гласовите за советничките листи, бидејќи таму се гледа вистинската поддршка на партиите или коалициите“, рече Снопче во интервју за „Ора њуз“.

Тој додаде дека, според овој критериум, Националната алијанса за интеграција (НАИ) доби 23 илјади гласови повеќе од ВРЕДИ, што, како што нагласи, „е неоспорна вистина“.

Снопче, исто така, рече дека неуспехот да се прочистат изборните листи предизвикал неуспех на пописот во некои албански општини.

„Денес имаме стотици, можеби илјадници починати лица кои сè уште се на списоците. Во секоја општина со мнозинско Македонско население, бројот на гласачи е намален, додека во Гостивар е зголемен за 4 илјади во споредба со 2021 година“, изјави Снопче.

ВРЕДИ: На локалните, НАИ доживеа национален пораз

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top