Македонија

ВРЕДИ: На локалните, НАИ доживеа национален пораз

Коалицијата предводена од ДУИ не само што изгубила гласови, туку и контакт со реалноста

 

Ова беа локални избори. И токму тука Албанците проговорија појасно од кога било, тие избраа промени, тие го избраа ВРЕДИ. Во повеќе од десет општини, Албанците ја дадоа својата доверба во нова енергија, во лица кои работат, а не во оние кои се кријат зад лажен патриотизам кога немаат што да му понудат на народот. Тие избраа политика на резултати, а не политика на страв.

Дури ни телевизиските толкувања на превртените бројки не можат да го променат фактот дека сега е неоспорно дека ВРЕДИ ја покрива целата политичка карта на Албанците. И ова е единствената карта што се брои, онаа на слободната волја на граѓаните.

Изјавите на Арбер Адеми, Блерант Рамадани, Кренар Љога и некои други, кои смислуваат имагинарни графикони за „идни пратеници“ што никогаш нема да ги видиме, се доказ за паниката што ја зафати селотејп коалицијата. Тие сè уште не ја разбрале пораката на народот дека е време за реформи, а не за измислување бајки за да ги држат будни милитантите.

Четири дена по ред, нивниот „неоспорен“ лидер, Али Ахмети, не се појави никаде. Можеби сè уште чека да му бидат прикажани резултатите од „референдумот“.

Им посакуваме на Арбер Адеми, Блерант Рамадани и Кренар Љога почести јавни настапи. Секој пат кога ќе проговорат, НАИ губи илјада гласови. И ние, искрено, немаме ништо против тоа“, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Реакцијата на ВРЕДИ доаѓа по тврдењата од коаливијата НАИ предводена од ДУИ дека тие се победници на локалните избори, повикувајќи се на гласовите за советничките листи.

Од НАИ тврдат дека доколку тој ден имаше парламентарни избори,тие би добиле 20 мандати, во споредба со 15 за ВРЕДИ, пренесе Телеграфи

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top