Македонија

Со 22 милиони евра се запечатува енергетската стабилност на Скопје за следните 20 години

Силна порака по повод пуштањето во употреба на новиот енергетски проект во главниот град. Оваа инвестиција од околу 22 милиони евра не е само бројка, туку стратешки чекор кој ќе овозможи Скопје непречено да се развива во наредните две децении. Со подобрувањето на напонското ниво од 110 киловолти, драстично се зголемува надежноста на мрежата.

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот Александар Николоски на отварање на новата трафостаница “ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН. Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека Македонија во моментов е водечка земја во регионот во делот на енергетската транзиција.

  • „Навистина ми е драго  што можеме да присуствуваме на отворање на овој значаен објект и да се заблагодарам за подршката на тимот на ЕВН затоа што навистина е уметност да се стави еден ваков објект во срцето на Градот имајќи предвид дека ова што се гледа е само еден дел, а тоа што не се гледа е подземната инфраструктура и навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН. Ова е едно архитектонско достигнување и би сакал да честитатм на сите што беа вклучени, различни ресори на Владата и компанијата.

Ова е пример како можеме и во централното градско подрачје да реализираме проекти кои се од интерес на државата и се надевам дека овој објект ќе значи стабилност за целокупното централно градско подрачје и за сите што гравитираат кон него.

  • Знаете дека политиката на Владата е да подржува енергетска транзција, во моментов мислам сме шампниони во целиот регион, а со иницијативата што ја претстави премиерот Мицкоски за интегрирање на земјите од регионот и создавање на еден Сојуз и еден обидинет пристап, мислам дека Македонија ќе го покаже своелто лидерско место во годините кои се пред нас во делот на енергетиката и на енергетската транзиција како главен двигател на развојот на државата” се обрати вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top