Македонија

Со што е уценет Таравари, па како млада невеста постојано ја прекинува свадбата

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на однесувањето на лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, обвинувајќи го дека постојано ја прилагодува својата реторика според моменталните потреби, слично на невеста што го одложува венчањето.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на однесувањето на лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, обвинувајќи го дека постојано ја прилагодува својата реторика според моменталните потреби, слично на невеста што го одложува венчањето. Ова доаѓа по изјавите од неговата партија дека проблемите во коалицијата ВЛЕН потекнуваат од партнерите во Владата – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ, а не од албанската опозиција.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ му е злото, а пред само два месеци со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седеше во Владата“, се вели во реакцијата од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат под каков притисок делува Таравари и колку пати ќе ја повторува истата тактика за оправдување на своите постапки. Според нив, вистинскиот проблем не е во владејачката партија, туку во неговото недоследно однесување и лицемерие. Тие тврдат дека Таравари секогаш кога не добива посакувана позиција, веднаш ги обвинува коалициските партнери.

Таравари или не знае што зборува или знае, ама намернио ја менува плочата за да си го оправда влезот и излезот од коалицијата“, пишува во партиската реакција.

ВМРО-ДПМНЕ наведе и неколку клучни моменти од политичкото дејствување на Таравари од февруари 2024 година до денес.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во февруари 2024 година Таравари самиот изјавил дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го гледале неговиот блок како посакуван партнер. Призна дури и оти од Али Ахмети добивал неодоливи понуди за прв албански премиер и претседателски кандидар.

Во јуни 2024 година, Владата е изгласана со партнерство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на опозициските партии на Албанците – ВЛЕН, а во мај следната година, Алијанса за Албанците на Таравари ја нашушти коалицијата ВЛЕН со образложение за наводни неисполнети ветувања. Сепак, дел од неговата партија остана во Владата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, овие настани укажуваат дека мотивите на Таравари не се базирани на идеологија, туку на можни лични интереси или надворешни притисоци. Партијата заклучува дека неговото однесување покажува недостиг на принципи и постојано менување на ставовите за лична корист.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top