Македонија

Анкета: Цела опозиција заедно далеку зад ВМРО-ДПМНЕ

И по две години на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство

Од 10 до 27 јуни агенцијата Маркет вижн, по нарачка на МКД.мк, спровела истражување на јавното мислење во Македонија кое покажа дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство во однос на довербата на гласачите.

Собраниот рејтинг на цела опозиција заедно е далеку помал од тој на ВМРО-ДПМНЕ сама.

На прашањето за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, од одговорите на испитаниците произлегува дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5 отсто, за СДСМ 6,2 отсто, за ДУИ 5%, за Влен 4,4%, Левица 2,9 и ЗНАМ 1,5 отсто.

Ако се издвојат рејтинзите на партиите кај определените испитаници (497 од 1.200), соодносот на предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ е речиси еднаков. Рејтингот на Влен брзо се приближува до популарноста на ДУИ меѓу гласачите Албанци во Македонија.

Истражувањето беше спроведено во периодот од 10-27 јуни на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и тип на место на живеење согласно податоците од пописот на резидентното население од 2021 година.

Истражувањето е спроведено со методот CATI – Computer assisted telephone interview, односно телефонска анкета на примерок со големина што обезбедува интервал на доверба од 95% и маргина на грешка од +-3%.

Најнови вести од: Македонија

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

Народна банка со мерки за заштита на имотот на „Алта Банка“ и интересите на штедачите

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

To top