Македонија

Со учество од 1,4% во БДП и придонес за околу 7.000 работни места – ТИТАН Усје важен чинител во националната економија

Независната студија изработена од консултантската куќа „Ernst & Yong“

Независната студија изработена од консултантската куќа „Ernst & Yong“ покажува дека со придонес од 1,4% во бруто националниот производ, ТИТАН Усје има значајна улога во развојот на националната економија. Вкупното влијание на компанијата во економските активности, преку деловни активности, плати и даноци, минатата година изнесувале повеќе од 10,3 милијарди денари. Директните фискални приходи во државниот буџет изнесувале 515 милиони денари, а дополнителни даночни приливи се остварени преку добавувачи, дистрибутери и градежни компании низ целата држава. Компанијата обезбедува 249 директни работни места и околу 6.700 индиректни работни места преку добавувачите, клиентите и пошироката економска активност, што претставува приближно 1% од вкупната вработеност во државата. Ова се клучните наоди од анализата за социо-економското влијание на ТИТАН Усје врз националната економија и развојот на заедницата.

Студијата нуди сеопфатна анализа на директните, индиректните и индуцираните економски ефекти од работењето на компанијата и ја истакнува улогата на ТИТАН Усје како еден од најзначајните економски чинители во земјата. ТИТАН Усје е нераскинлив дел од македонската економија веќе 70 години. Компанијата игра стратешка улога во сите развојни процеси во земјата, а производи на ТИТАН Усје се вградени во мостови, патишта, училишта, болници, домови и инфраструктурни проекти кои секојдневно го обликуваат животот и развојот на земјата. Како дел од интернационаланата групација ТИТАН, компанијата ги следи најновите трендови во секторот и ги применува во земјата.

„Грижата за луѓето и заедницата е основен код на нашата визија. Луѓето и заедницата се база за економски раст и одржливост. Ние во нашето работење се водиме од овие вредности, бидејќи економскиот раст има смисла само доколку носи придобивки за луѓето и за заедницата во целина. Горди сме што оваа студија потврдува дека нашето влијание се протега многу пошироко од нашето директно работење, поддржувајќи компании, работни места и заедницата во поширока смисла. Остануваме посветени на создавање долгорочна вредност преку одговорно работење, инвестиции, иновации и одржлив развој“, изјави Константинос Николаоу, главен извршен директор на ТИТАН Усје.

„Стопанската комора и јас лично како претседател, секогаш се залагаме за поддршка на компаниите кои делуваат во функција на општествено економски развој. Особено кога станува збор за компании со повеќе децениска традиција како Титан Усје кој веќе одбележа 70 години постоење во државата и има значителен придонес за одржлив развој. Студијата која е презентирана во куќата на бизнисот дава јасен сигнал дека компанијата има интерес да делува, притоа почитувајќи ги општествените норми и одржливиот развој, а Комората е секогаш тука да помогне во отворање конструктивен дијалог за фактите и аргументите“, вели претседателот на Комората, Бранко Азески, во воведното излагање.

Покрај економските индикатори и фискалните ефекти, студијата јасно ја нотира посветеноста на ТИТАН Усје кон луѓето и заедницата. Вкупните инвестиции во заедницата во периодот од 2021 до 2025 година надминаа 103 милиони денари. Само во 2025 година компанијата инвестирала приближно 30 милиони денари во општествено одговорни иницијативи. Со овие активности биле опфатени 37.000 луѓе, преку иницијативи за заштита на животна средина, за развој на образованието, и во други општествени области.

ТИТАН Усје пред две години го отвори едукативниот центар „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, преку кој учениците од основните училишта стекнуваат практични знаења и вештини од областа на 3Д моделирањето, 3Д печатењето, роботиката и инженерството. За две години над 500 ученици беа дел од едукативните програми на овој проект.

Преку програмата – „Партнерството со училиштата и детските градинки“ во општините Кисела Вода и Аеродром, од 2010 година наваму, компанијата инвестираше повеќе од еден милион евра во унапредување на образовната инфраструктура, енергетската ефикасност и безбедносните услови, овозможувајќи подобри услови за над 8.000 ученици. Студијата ги нагласува и резултатите на компанијата во областа на одржливоста. Компанијата е носител на највисока потврда за имплементација на одржлив систем за управување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинуим признание во земјата. Социо-економската студија е изработена според меѓународно призната методологија за економско моделирање на влезно-излезни односи (input-output analysis), базирана на податоци од Државниот завод за статистика и меѓународни економски стандарди.

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top