Македонија

Новиот српски ВД претседател доаѓа во Македонија

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 27 ноември 2026 година (петок), ќе биде домаќинка на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, чии коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Програма: петок, 27 ноември

10:45 – 10:55 Официјален пречек на лидерите

10:55 – 11:00 Заедничка фотографија

11:00 – 12:30 Состанок на лидерите

14:30 – 15:00 Заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателите Пирц Мусар и Милановиќ

Официјалниот пречек и прес-конференцијата ќе бидат пренесувани во живо на YouTube.

Ова ќе биде прв меѓународен настан на кој ќе учествува српскиот ВД претседател Чупиќ кој предходно одби да патува во Брисел на самитот ЕУ – Западен Балкан.

Најнови вести од: Македонија

To top