Македонија

Со владиниот авион вратен во Македонија повредениот скопјанец во Турција

Повредениот на тобоган во Кушадаси бил опериран на 23 јули во локална болница, а лекувањето ќе продолжи на ТОАРИЛУЦ

Туристот од Македонија што тешко се повреди на тобоган во турското летувалиште Кушадаси минатиот месец денеска е транспортиран со владиниот авион во Скопје и сместен на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), информира директорот Игор Мерџановски.

На 23 јули на пациентот му била извршена хируршка интервенција во болница во Кушадаси, каде што бил на лекување до денеска, кога на барање на турските лекари бил организиран воздушен медицински транспорт со владиниот авион, а повредениот го придружувал медицински тим предводен од раководителката на КАРИЛ, д-р Марта Тренева.

„Пациентот е во здравствена состојба што бара интензивно лекување. Ја разгледавме медицинската документација и можам да кажам дека операцијата извршена во Турција е задоволителна и добро направена. Повредите на `рбетниот мозок се меѓу најсериозните повреди“, истакна Мерџановски, најавувајќи дополнителни испитувања и понатамошна рехабилитација, како и физикална терапија во спиналниот центар во државава.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top