Македонија

Собранието даде зелено светло за измени во Изборен законик, Филипче најавува 10 илјади амандмани

Бихаќка твори

Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави дека ќе ја блокираат работата на собранието, со поднесување на 10 илјади амандмани на предлог измените на Изборниот законик.

„Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба.10.000 амандмани спремни“ напииша Филипче на социјалните мрежи.

Претходно, Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздражни го изгласа носењето по скратена на Предлогот законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда. СДСМ не присуствуваа.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог законот.

Предлогот до Собранието е доставен од група пратеници, и тоа Антонијо Милошоски, Зеќирија Таири, Даниел Стојчевски, Блерим Беџети и Иванка Василевска. Со измените, меѓу другото, се предвидува електронско гласање на дијаспората, а има промени и во делот на државното финансирање на партиите.

Предлагачот, образложувајќи зошто Изборниот законик треба да се донесе по скратена постапка, посочи дека за него се дискутира четири месеци во рамки на Министерството за правда, каде учествуваа претставници на политичките партии, освен СДСМ, која почна, а потоа се повлече.

-Во рамките на овие дискусии се согласивме околу 28 препораки на ОДИХР, коишто беа консензуално прифатени. Во работната група во Министерството за правда за ниту една тема немаше надгласување и секогаш се одеше со консензус. Ќе имаме можност тие работи да ги дискутираме и за време на собраниската и за време на комисиската седница – изјави Милошоски, образложувајќи го предлогот.

Во однос на изборниот модел, Милошоски, укажа дека најголем број од политичките партии биле за една изборна единица, но две биле за осум и за три, но бидејќи не се постигнал консензус, се остана на сегашното решение со шест изборни единици.

По однос на гласањето од дијаспората, Милошоски појасни, дека е постигнат консензус да биде овозможено согласно праксата во Франција и Естонија и да има електронско, безбедносно и заштитено гласање.

-Морам да напоменам дека учестото на претставници од ДИК, Државниот завод за ревизија, АВМУ и Антикорупциска беше од голема помош, бидејќи овие институции излегоа со свои перпоаки кои во најголем дел беа прифатени како да се направат измени во Изборниот законик кои на овие институции може да им го олеснат спроведувањето на изборите, во смисла да бидат демократски, фер, транспарентни и ефикасни – изјави Милошоски.

Во однос на моделот за користење средства за изборно рекламирање, Милошоски, појасни дека е постигнат едногласен консензус.

-Немаше ниту една партија која надгласала друга или некои преставници на политички партии да занемариле предлог на други колеги од политичките партии и ценам дека овој постигнат консензус од најголем број од политичките партии кои учествуваа во Работната група во Министерството за правда треба да се цени како солидно постигнување и унапредување на нормите на Изборниот законик – порача Милошоски.

Милошоски, исто така, потенцираше дека предлог измените се во согласност со реформската агенда и усвојувањето на Изборниот законик ќе ги направи одржлив и оправдан во следните пет, десет и петнаесет години.

-Согласно тоа сметам дека би било добро во скратена постапка истиот да биде усвоен и поддржан консензуално од сите политичк партии во Собранието – појасни Милошоски.

Потпретседателот на Собранието, информираше дека седницата е свикана согласно Член 74, став два од Деловникот на Собранието за да може Собранието и другите институции непречено да функционираат.

Собранието денешната 110 седница ја започна по еден час пауза на барање од пратеничката група на СДСМ.

Пред гласањето на дневниот ред, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, побара точката да биде симната од дневен ред, посочувајќи дека и пред да побара пауза укажал на тоа дека ова законско решение секогаш досега се носи со консензус.

-Точно е дека СДСМ започна да работи во работната група којашто беше за подготовка на Изборниот законик, но мора да потсетиме дека ја напуштивме во моментот кога одлучивте како парламентарно мнозинство да го измените Законот за влада, кој исто така, е донесен со консензус. На самата работна група на почеток укажавме дека носењето на Изборниот законик треба исклучиво да биде со консензус помеѓу политичките субјкети– појасни Спасовски.

Најнови вести од: Македонија

Д-р Чибишев: Ако беше водата во Скопје загадена со ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти!

Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје.

ВРЕДИ: Охридскиот договор за ДУИ беше личен банкомат

Толку е долг списокот на корумпирани членови на ДУИ кои го користеа Охридскиот договор за да ги наполнат своите џебови, што дури и нашиот стратешки партнер јавно проговори за „ендемска корупција“ и стави печат на корупцијата токму на оние кои денес се удираат во гради за „албанизам“

Муцунски: Мора да има одговорност за ширењето лажни вести и предизвикувањето паника

„ Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен систем, преку лажни вести и дезинформации се создава паника – рече  Муцунски во гостување на Сител

До пасош за седум дена

Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се добива во рок од еден до два дена. Документите граѓаните ги добиваат во рок од најмногу седум дена

Гочева: Биди причината нечие срце да продолжи да чука (ВИДЕО)

Еден донатор може да спаси до осум човечки животи и порача дека токму овој факт треба да ги охрабри луѓето да размислуваат за органодарителството. „Донирањето на орган е пред сè еден несебичен чин, а одлуката да спасите нечиј живот едноставно ве прави бесмртни“, порача Гочева

To top