Македонија

Сопругата на Апасиев доби молитва: Дај боже вашите деца да не бидат злоупотебени заради вашите дела

Откако професорката го исмевала покојниот татко на Иван Мирчевски

Сопругата на лидерот на Левица Димитар, Тамара Јованов, доби молитва од директорот на Канал 5 и автор на емисијата ,,На кавга со Иван”, Иван Мирчевски.

Мирчевски го моли бога Господ да не ги казнува децата на Апасиеви затоа што му го прават нему.

Меѓу другото Мирчевски реагира за потсмевање со неговиот покоен татко.

Реакцијата доаѓа откако Тамара Јованов неетички коментира и однапред го напаѓа новинарот за начинот на водење на дуелот меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ и Орце Георѓиевски
каде домаќин е токму Мирчевски.

,,Дај боже вашите деца да не бидат злоупотебени заради вашите дела
Да бидеш родител на деца, да се претставуваш како просветен работник, заедно со сопругот, да работиш на државен штипски универзитет Гоце Делчев, што значи да ја едуцираш, образовно обликуваш и етички насочуваш интелектуално потентната младина на нашата Македонија, и истовремено да:
– ме клеветиш, навредуваш, манипулираш, сево ова без никаква основа
и најтрагичното – да се потсмеваш со мојот починат татко, односно да ги храбриш тие кои тоа го прават. Да се потсмеваш и да го ридикулулираш мојот спомен за него е повеќе од мизерно и бедно.
Тоа ми кажува само една работа госпоѓо @Tamara Jovanov , дека веќе сте блиску до врвот на вашиот морален отпад и дека варваскиот период на нашата планетарна генеза за вас не е се уште завршен.
Само му се молам на нашиот еден Господ Бог, вашите деца и други најмили, никогаш, ама никогаш да не бидат абјузирани со зборовите и делата кои вие ми ги правите мене и на моите колеги. Само му се молам…”, објави Мирчевски на соцојалната мрежа Линкдин со хаштазите
#macedonia #socalled #intellectuals #misery.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top