Македонија

Спасовски да ги изнесе обвинувањата против мене надвор од Собранието и да приложи докази, рече Митева по низата обвинувања

Пратеничката Марија Митева реагира на изјавите на Оливер Спасовски од собраниската говорница, обвинувајќи го дека нејзиното име го поврзува со политички конструкции со цел да ја дискредитира.

Владината портпаролка Марија Митева реагираше на обвинувањата што денеска од собраниска говорница ги изнесе координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, кои се однесуваат на решение што Прекршочната комисија при Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер го донела за запирање на прекршочна постапка во корист на Митева, во време кога таа беше портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. Митева обвини дека опозицијата прави политички конструкции насочени кон нејзина политичка дискредитација и го повика Спасовски да излезе од комоцијата на говорење од собраниска говорница и истите ставови да ги каже надвор од Собранието, приложувајќи докази за обвинувањата.

  • „Знам дека собраниската говорница носи комоција и немање одговорност за изнесени ставови и ти дава комфор да искажуваш тешки квалификации, но би било храбро да го повториш тоа што го кажа денес надвор од таа говорница, со таков скандалозен наслов како што сте го објавиле на јутјуб-каналот на СДС. Повтори дека некој фалсификувал документи за да ме спаси. Или дека имало намера, насока или било каква интервенција од мене некој да направи нешто спротивно на закон за да ме ‘спаси’. Кажи го тоа директно. Со име и презиме. И со доказ. Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш“, пишува Митева во реакцијата објавена на Фејсбук.

Таа негира дека некогаш побарала од некого да интервенира во нејзина корист за да ја „спаси“. Во својата реакција, Митева обвини дека ваквите политички контрукции не се новост за СДСМ и дека додека била на власт, партијата ги користела како средство за пресметка со политичките противници.

  • „И кога веќе толку лесно зборуваш за ‘фалсификување’, редно е да се потсетиме и на времето кога беше министер за внатрешни работи и кога се откри скандалот со група полициски службеници вмешани во издавање 214 пасоши на странски државјани под туѓ идентитет, меѓу кои, имаше и лица поврзани со меѓународни криминални групи. Затоа, Спасовски, помалку конструкции од говорница со моето име во нив“, пишува владината портпаролка на Фејсбук.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска од собраниска говорница обвини дека Марија Митева, во периодот кога ја извршувала функцијата портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, направила прекршок со тоа што не подготвила и не доставила соодветен извештај до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Наместо да биде санкционирана, според наводите на Спасовски, Прекршочната комисија на Агенцијата, предводена од сегашниот директор Петар Гајдов, донела решение со кое ја запрела постапката против неа со образложение дека нема услови за изрекување на прекршочна санкција, што според СДСМ, претставува манипулација за Митева да се спаси од одговорност.

Најнови вести од: Македонија

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Најнови вести

To top