Македонија Бизнис

Србија се крена на нозе оти црешите скокнале на 370 денари, а во Македонија со над 1.300 – сите ќутат

Трговците дефинитивно забегаа со цените. Додека во Србија граѓаните реагираат бурно поради високите цени на црешите – кои достигнуваат и до 700 динари, односно околу 371 денар – на македонските пазари ова овошје стана вистински луксуз. На некои зелени пазари во Скопје, килограм први рани цреши се продава и за 1.359 денари, што е речиси […]

Трговците дефинитивно забегаа со цените. Додека во Србија граѓаните реагираат бурно поради високите цени на црешите – кои достигнуваат и до 700 динари, односно околу 371 денар – на македонските пазари ова овошје стана вистински луксуз. На некои зелени пазари во Скопје, килограм први рани цреши се продава и за 1.359 денари, што е речиси четири пати повеќе од српските пазарни цени.

Цената на црешите и во двете земји бележи раст поради слични причини: лоши временски услови во текот на пролетта, зголемени трошоци за производство, инфлација и намален род. Но, во Македонија оваа комбинација резултираше со рекордно висока цена, која го надминува и нивото на повеќето увозни овошја.

Продавачите велат дека се работи за први, рани цреши од Струмичко и Валандовско, и дека цената ќе паѓа во наредните недели. Сепак, за многумина останува прашањето – дали црешите стануваат овошје достапно само за „елитата“?

Пред истекот на владините мерки за замрзнување на цените и ограничување на маржите за над илјада основни производи, надлежните од Владата и Министерството за економија најавија засилени инспекции и уверуваа дека нема да дојде до драстичен раст на цените. Сметаа дека пазарот ќе остане стабилен, без поголеми потреси.

Но, реалноста ги демантираше овие оптимистички прогнози – цените скокнаа веднаш по укинувањето на мерките. Сега останува прашањето: дали и какви нови мерки ќе преземе Владата за да им помогне на граѓаните и да го амортизира ударот врз домашниот буџет?

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top