Македонија

Средба на Муцунски со сенаторот Петер Велч, еден од иницијаторите на новата Резолуција во Сенатот за односите САД-Македонија

При посетата на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на Соединетите Американски Држави и во разговорите со политичките личности во оваа држава повторно доаѓаат до израз силното пријателство и доверба, што ги обединуваат македонскиот и американскиот народ.

На првиот ден од работната посета на Вашингтон, во Соединетите Американски Држави, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски оствари средба со сенаторот Петер Велч. Тој е еден од иницијаторите на новата резолуција во Сенатот на САД, со која се одбележуваат 34 години од независноста на Македонија и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.


Министерот Муцунски ја нагласи важноста на оваа резолуција како потврда за силното пријателство и доверба, што ги обединуваат македонскиот и американскиот народ. Тој подвлече дека Македонија останува посветена на заедничките евроатлантски вредности, демократијата, владеењето на правото и стабилноста на Западниот Балкан.

На средбата се разговараше и за унапредувањето на заемните односи, поддршката за европскиот пат на Македонија, како и за заедничкото уверување дека посетата ќе отвори нови можности за уште посилна соработка меѓу двете земји.

Во текот на денот предвидено е министерот Муцунски да оствари средби со повеќе претставници на Конгресот на САД и да се обрати на свечен настан, организиран по повод 8 Септември – Денот на независноста во присуство на македонското иселеништво. – соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија. 

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top