Македонија

Стартува кампањата за локалните избори

Кампањата ќе трае непрекинато до 17 октомври, а кампањата за вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 2 ноември, ќе трае до 31 октомври.

Државната изборна комисија (ДИК) во петокот го заклучи Избирачкиот список, според кој, право на глас на изборите имаат вкупно 1 832 415 избирачи.

На годинашните локални избори, осми од независноста на државата, има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 577 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 499 кандидати.

Во државата се регистрирани 3 480 избирачки места, од кои во 132 избирачки места се потпишани помалку од десет избирачи. Гласањето за нив, како што соопштија од ДИК, ќе се спроведе на најблиското избирачко место.

На седница пред неколку дена, ДИК со ждрепка го утврди редоследот на гласачкото ливче.

На првите девет места од гласачкото ливче се наоѓаат парламентарните партии и коалиции, редните броеви од 10 до 33 ќе ги заземат вонпарламентарните политички партии и коалиции, а независните кандидатски листи на гласачкото ливче ќе бидат на редните броеви од 34 до 153.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top