Македонија Бизнис

Ставрески не стана гувернер, ама основа фирма за финансиски консалтинг – за што се работи?!

Некогашниот вицепремиер за економски прашања Зоран Ставрески од оваа недела си отвори своја фирма – финансиско консултативно биро, како последен во низата поранешни министри за финансии кои се одлучија на ваков чекор да ја понудат својата експертиза на пазарот со овој тип на советодавни услуги, пренесе Фактор. Ставрески од изминатите денови е сопственик на „Закс […]

Некогашниот вицепремиер за економски прашања Зоран Ставрески од оваа недела си отвори своја фирма – финансиско консултативно биро, како последен во низата поранешни министри за финансии кои се одлучија на ваков чекор да ја понудат својата експертиза на пазарот со овој тип на советодавни услуги, пренесе Фактор.

Ставрески од изминатите денови е сопственик на „Закс Консалтинг Дооел“ во центарот на Скопје, додека истовремено е еден од 17-мината официјални надворешни советници на премиерот Христијан Мицкоски, во неговиот случај за финансии и банкарство.

Откако универзитетскиот професор Трајко Славевски беше официјално предложен за челната функција, стана јасно дека Ставрески нема да ја предводи централната банка. По подолго отсуство од јавниот живот, по локалните избори во 2021 година Ставрески се враќа во партиските тела.

И Драган Тевдовски, првиот министер за финансии во владата на СДСМ, како бизнис консултант ќе се обиде своето знаење и искуство да го пренесе деловнички на клиенти откако пред неколку месеци основа фирма.Тој е втор поранешен министер за финансии од претходната власт кој по политиката ќе се испроба и во бизнис секторот како консултант, откако лани есеноска Фатмир Бесими како главен извршен директор основаше компанија за бизнис консалтинг и услуги. За разлика од Тевдовски и Бесими, кои се универзитетски професори по економија, Ставрески иако има магистерски трудови, но никогаш не бил дел од академските збиднувања во земјата.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

Јани Макрадули осомничен дека ја оштетил „Пошта“ речиси за 180 илјади евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Стефаноски: СДСМ, западнат во очај и хистерија, го гледа како млада невеста „потенцијалот“ на комшијата, а не на сопругот дома! (ВИДЕО)

Очајна и хистерична состојба, вака аналитичарот Милан Стефаноски во „Колегиум“ ја констатира ситуацијата во која СДСМ инфантилно се прогласи за победник на изборите во Брвеница. Да изгубите четири наспрема еден, да бидете четврта партија на теренот и притоа да тврдите дека имате раст, според Стефаноски е загрижувачка психичка состојба.

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

Најнови вести

To top