Македонија

Задолжителна стерилизација – законски измени за домашните миленици со забрана за размножување

Нови предлог измени за заштита и благосостојба на животните

Со нов предлог-законот за заштита и благосостојба на животните, драстично ќе се зголемат паричните казни за физички лица, од 400 евра за несоодветно чување и шетање на куче, до 5.000 евра за малтретирање на домашните миленици. Ќе биде забрането нивното размножување, а стерилизацијата ќе биде задолжителна.

Измените главно се насочени на решавање на проблемот со напуштањето на домашните миленици, нивното неконтролирано размножување и трговија за што краен резултат треба да биде намалување на бројот на бездомни кучиња.

„На сопственикот кој ќе го напушти својот миленик трајно му се забранува држење на миленици; Се забранува неконтролирано размножување, продажба и давање на подарок домашни миленици… Се забранува чување на домашен миленик – куче, постојано врзано на ланец или во затворен дел од ограден простор, без да се овозможи слободно движење надвор од тој простор најмалку еднаш во денот, со цел да се задоволат неговите физиолошки и физички потреби…  Се збаранува зашеметување, колење или усмртување на животни за ритуални цели…“, се дел од измените предвидени со предлог-законот.

Предлог-законот предвидува и задолжителна стерилизација на домашни кучиња, забрана за продажба и давање на подарок домашни миленици од нерегистрирани одгледувачи, а одгледувачниците пред да го направата тоа ќе мора новите легла да ги пријават кај ветеринар, но и кому ги дале. Една мачка или кучка нема да смее да има повеќе од едно легло годишно.

„Регистрираните одгледувачи на куче од денот на влегувањето во сила на овој закон во период од 5 години немаат право на размножување на нестерилизираните миленици односно немаат право за репродукција на нови единки“, предвидува предлог-законот.

Се предвидува и формирање на Центар за трајно згрижување, сместување и посредување при вдомување на напуштени и бездомни животни, но и сместување кај привремени вдомувачи, со што би се вовел и нов концепт на третман на бездомните животни, кој во моментов ги опфаќа само кучињата и тоа на принцип: залови – стерилизирај – пушти.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top