Министерката Јаневска најавува законски измени, со кои ќе се казнува родителот на дете со насилно однесување
По инцидентот во основното училиште во Општина Гази Баба, каде што малолетник беше прободен со нож од врсник, министерката за образование, Весна Јаневска побара законски измени за казнување на родителите на децата кои вршат насилство во училиштата. Таа апелираше родителите да покажат поголема грижа кон своите деца, нагласувајќи дека агресивноста не се создава во училиштето, туку децата ја носат однадвор. Јаневска најави враќање на одделенските наставници-воспитувачи и лиценцирање на училишните психолози за поблиска работа со учениците, родителите и наставниците.