Македонија

„Стратешки успех што ги засега и односите со Македонија“: Бугарски историчар за „враќањето“ на останките на Цар Самоил

Тодор Чобанов бара Бугарија да го сопре македонското „присвојување“ на Самоил по примерот на Грција со Александар Македонски

„Тоа е категорично стратешка одлука, бидејќи допира една од најчувствителните теми во добрососедските односи со Северна Македонија“, вели бугарскиот историчар Тодор Чобанов за „враќањето“ на наводните останки на Цар Самоил од Грција во Бугарија врз основа на меѓудржавниот договор за размена на историски артефакти, мошти и реликвии.

„Исто како што Грците успеаја да се справат со обидите за присвојување на Александар Македонски, така и ние мораме категорично, еднаш засекогаш, да им ставиме крај на шпекулациите со историјата на Самуил и неговите напори да го зачува бугарското царство“, додаде тој во интервју за тамошната телевизија Нова.

Заменик-министерот за култура од 2009 до 2011 година во тогашната влада на Бојко Борисов објаснува дека имаат Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Македонија, но Мешовитата комисија за историски и образовни прашања не функционирала „не по вина на Бугарија“. Покрај тоа, со децении имало упорни обиди за искривоколчување и за ретроактивна редактура на „заедничката историја“, иако „таа одамна е проучена и утврдена во светската наука“.

„Располагам со скенирани учебници од тамошните гимназии, кадешто пишува дека Самоил е ослободител на македонските Словени од бугарските поробувачи“, рече Чобанов.

Најнови вести од: Македонија

Јаревски: Не е „Алта банка“ ни ТАТ, ни Лавци, ниту пак „Еуростандард“

Банката е ликвидна, обезбедени се штедните влогови, заштитени се и доверителите. Мерките што ги презема Народната банка се веднаш промптни, уште од самиот викенд. Немаме стечај, немаме пропаѓање на банката“, рече пратеникот

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

To top