Македонија

Судијата Панчевски до обвинителот Коцевски: Пријателска тајна служба ги има сите ваши криминални договори

Јавна порака до државниот обвинител

Судијата Владимир Панчевски упатува јавна порака до државниот обвинител Љупчо Коцевски споменувајќи странска тајна служба која имала докази за незаконско постапување од страна на шефот на Јавното обвинителство за кој Собранието изгласа недоверба.

Панчевски кој споменува комуникација на апликацијата Телеграм вели дека ако Коцевски не замине сам следните активности ќе бидат многу пострашни за него и неговите налогодавци.

,,КОЦЕВСКИ, бери памет и замини веднаш самиот!

Следниот чекор ќе биде пострашен и многу болен за тебе и твоите газди од мафијата која неколку дена ти дава поддршка на Телеграм!

Пријателска тајна служба ги има сите ваши криминални разговори, договори и активности, обезличени сте и добро документирани”, пишува екс претседателот на скопскиот кривичен суд кој важи за добро информиран за состојбите во правосудството.

Иако Собранието пред неколку дена изгласа недоверба за Коцевски тој одбива да замине од позицијата државен обвинител тврдејќи дека не сторил ништо лошо.

Коцевски беше избран во последните месеци на владата на СДСМ и ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top