Македонија

Супериорниот Hi-Fi звук на Samsung Galaxy Buds4 Pro препознаен од аудио експертите

Признанието од страна на Асоцијацијата за експертско оценување на слика и звук (EISA) ги потврдува Galaxy Buds4 Pro слушалките како пример за долгогодишната посветеност на „Samsung“ кон испорачување Hi-Fi звук верен на оригиналот и интелигентни, адаптивни искуства при слушање

Компанијата Самсунг („Samsung“) денес објави дека Galaxy Buds4 Pro слушалките ја добија наградата „EISA Слушалки за во уво 2026-2027“ (EISA In-Ear Headphones 2026-2027) од Асоцијацијата за експертско оценување на слика и звук (Expert Imaging and Sound Association – EISA). Ова е првпат производ од серијата Galaxy Buds да го добие ова признание од „EISA“, што ја нагласува континуираната посветеност на „Samsung“ кон аудио-иновациите, супериорниот квалитет на звукот, интелигентните адаптивни технологии за слушање и дизајнот насочен кон корисниците.

Наградата е особено значајна бидејќи ја потврдува основната инженерска филозофија зад Galaxy Buds4 Pro: да се испорача звук онака како што бил замислен да се слуша. Наградите „EISA“ претставуваат едни од најавторитетните годишни признанија за аудио-квалитет во глобалната индустрија за потрошувачка електроника. За нив одлучува група експертски уредници од водечки технолошки публикации од повеќе од 25 земји, а признанијата претставуваат независна проценка на аудио-перформансите и иновациите. Ова признание дополнително ги потврдува континуираните напори на „Samsung“ да ги поместува границите на премиум безжичниот звук преку напреден хардвер, интелигентен софтвер и дизајн насочен кон корисникот.

Пофалбите од „EISA“ дополнително го истакнуваат балансот на Galaxy Buds4 Pro помеѓу аудио-перформансите, квалитетот на повиците и секојдневната практичност.

„Користењето двонасочен звучник со одделни засилувачи посветени на бас-звучникот и високотонецот [на Samsung Galaxy Buds4 Pro] овозможува чисти, музички детали“, изјави Љубиша Миодраговиќ (Ljubiša Miodragović), Претседател на „EISA“. „Во меѓувреме, напредната Sensor Fusion технологија комбинира наменска единица за прифаќање на гласот (Voice Pickup Unit – VPU) со намалување на бучавата базирано на длабока невронска мрежа (Deep Neural Network – DNN), за да обезбеди исклучително јасни повици.“

„Во „Samsung“, нашата цел отсекогаш била да испорачаме висококвалитетен Hi-Fi звук верен на оригиналната снимка. Добивањето на наградата „EISA Слушалки за во уво“ ја потврдува нашата посветеност кон извонредноста во аудио-инженерството и го афирмира нашето ветување за испорачување премиум квалитет на звукот и кориснички искуства“, изјави Хан-Гил Мун (Han-gil Moon), Мастер и раководител на одделот за аудио при дивизијата за мобилно искуство (Mobile eXperience – MX) во „Samsung Electronics“. „Корисниците можат да бидат сигурни дека Galaxy Buds4 Pro се дизајнирани да овозможат најдобро и најзадоволувачко звучно искуство. Ќе продолжиме да ја надградуваме оваа основа за во иднина да понудиме уште побогати искуства при слушање.“

Galaxy Buds4 Pro слушалките го нудат најнапредното аудио-искуство на „Samsung“ досега, со истакнати карактеристики кои вклучуваат:

  • Ново-дизајниран поширок бас-звучник (woofer) кој ја зголемува ефективната површина на звучникот за речиси 20% во споредба со претходната генерација, во комбинација со наменски високо-тонец (tweeter), за да обезбеди чист бас, богати високи тонови и 24-bit/96 kHz UHQ аудио верно на оригиналната снимка. Експертите од „EISA“ ги пофалија Buds4 Pro за создавање „чисти музички детали, со ограничено изобличување низ целиот фреквентен опсег“.
  • Подобрено Адаптивно активно поништување на бучава (Adaptive ANC) и еквилајзер (EQ) кои ги анализираат условите при носење и уникатната форма на увото на секој корисник, применувајќи оптимални алгоритми за поништување на бучавата во реално време, со што корисниците можат да уживаат во конзистентно искуство при слушање во текот на целиот ден.
  • Функција Super Clear Call, овозможена преку напредната Sensor Fusion технологија на уредот, која комбинира единица за прифаќање на гласот (Voice Pickup – VPU) со намалување на бучавата базирано на длабока невронска мрежа (Deep Neural Network – DNN), за да „обезбеди исклучително јасни повици“, дури и во бучни средини.[1]
  • Ултра-елегантен, ергономски „blade“ дизајн, усовршен преку стотици милиони глобални податоци за формата на ушите и повеќе од 10.000 симулации, со премиум метална завршница, врежани контроли со притискање и IP57 рејтинг за заштита од вода и прашина.
  • Подлабока интеграција со Galaxy екосистемот, која им овозможува на корисниците да активираат агенти со вештачка интелигенција и да управуваат со повици без користење на рацете преку интуитивни контроли со гестикулација со главата (Head Gesture).

За повеќе информации за серијата Galaxy Buds4, посетете ја страницата на Samsung.

 

###

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

[1] IP-степенот овозможува потопување во до 3 стапки свежа вода во времетраење до 30 минути (кутијата за полнење не е отпорна на вода). Не се препорачува употреба на плажа или базен. Доколку слушалките или рацете на корисникот се влажни, мора темелно да се исушат пред ракување. За оштетените слушалки не се гарантира водоотпорност. Се однесува само на слушалките.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Најнови вести

To top