Македонија

Таравари ја достави оставката, му било чест да работи за владата

Арбен Таравар ја достави својата оставка до претседателот на владата, Христијан Мицкоски. „Со ова писмо Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја носам по […]

Арбен Таравар ја достави својата оставка до претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
„Со ова писмо Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дела од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина секогаш водејќи се од јавниот интерес“, стои во оставката. Во Собранието веќе се лицитира колкумина од петте пратеници ќе останат во Алијанса, предводена од Таравари, а колку од нив ќе преминат во Вреди, но и колкумина од опозицискиот Европски фронт, предводен од ДУИ, ќе се приклучат кон владејачкиот табор. Денес пратеничката група на ВЛЕН, без пратениците на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари, испрати официјално барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, за промена на координаторот на пратеничката група на ВЛЕН. На барањето се потпишани девет пратеници.
Како што пренесуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик, наместо пратеникот Халил Снопче, за координатор на пратеничката група на Влен е избран пратеникот Беким Ќоку кој доаѓа од редовите на косовското движење Самоопределување. Пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи се избрани за заменици координатори на пратеничката група на ВЛЕН. Се уште не е познато колку пратеници од крилото на Таравари ќе продолжат со него во опозициските клупи или ќе останат во редовите на владината коалиција составена од четири партии од албанскиот блок. За денеска беше најавена и оставката на министерот за здравство, но, како што претходно информира спикерот Гаши, се уште не пристигнала до неговиот кабинет.

Најнови вести од: Македонија

Мисајловски: Постигнат е значаен напредок за развојот на Балканските медицински сили

Министерот за одбрана Владо Мисајловски соопшти дека во изминатиот период е постигнат значаен напредок во развојот на капацитетите на Балканските медицински наменски сили (БМНС), регионална иницијатива од големо значење. На денешниот состанок на земјите-членки на БМНС во Брдо, Словенија, било разговарано за натамошниот развој, поголемата видливост и преземањето нови одговорности на оваа регионална иницијатива. – […]

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top