Македонија

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Гупацијата – дванаесетта година е дел од хуманитарната иницијатива “Подај рака“ на Општина Илинден, која општината ја спроведува во соработка со Црвениот крст.

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт заедно со вработените денеска ги предадоа хуманитарните пакети на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во Домот на културата на Општината од каде волонтери на Црвениот Крст, ќе ги достават до семејствата на кои им се најпотребни овие продукти.

„ Целта на оваа хуманитарна иницијатива која е дел од нашата долгорочна заложба за поддршка на ранливите категории на граѓани е да донесе поддршка таму каде што е најпотребна – во домовите на семејствата кои секојдневно се соочуваат со предизвици. Со оваа донација сакаме да придонесеме празничните денови да ги поминат со повеќе топлина, достоинство и чувство дека не се сами. Намерата на ТАВ Македонија е покрај поврзувањето на луѓето и световите, да создава трајна вредност во општеството преку грижа, одговорност и солидарност“, порача Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

ТАВ Македонија континуирано реализира низа иницијативи насочени кон корпоративна општествена одговорност преку кои поттикнува солидарност, грижа и поддршка кон подобрување на квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани.

Денешната донација претставува дел од оваа поширока заложба за општествен ангажман, преку која ТАВ Македонија активно ги поддржува локалните заедници во општините каде што оперираат Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

Kомпанијата и понатаму останува посветена на унапредување на одржливи, хуманитарни и едукативни проекти што придонесуваат за благосостојбата на луѓето и за заштита на животната средина.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top