Македонија

Тетово добива модерна гимназија: Мицкоски, Касами и Јанева на свеченото отворање

Новата реконструирана зграда на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово денеска официјално беше пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Тетово Биљал Касами и министерката за образование и наука Весна Јанева.

Новата реконструирана зграда на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово денеска официјално беше пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Тетово Биљал Касами и министерката за образование и наука Весна Јанева.

Министерката Јанева истакна дека објектот е реновиран според најсовремени стандарди, со комбинирани средства од Владата на Република Македонија, локалната самоуправа и општествено одговорни компании. Таа додаде дека ова не е изолиран проект – во Тетово во моментов се реализираат вкупно 10 образовни проекти, за кои се обезбедени 255 милиони денари.

Меѓу реализираните проекти се реконструкциите на основните училишта „Рилиндија“, „Гоце Делчев“ и „Кастриот Скендербег“. Во план е и изградба на шест нови спортски сали за основните и средните училишта во Тетово и тетовско подрачје кои досега немаа соодветни спортски објекти.

Премиерот Мицкоски изрази задоволство од брзината и квалитетот на реализацијата и им се заблагодари на градоначалникот Касами, советниците и Министерството за образование.

„За само неколку месеци, со навистина силна и посветена работа, тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам на учениците и на наставниците кои ќе учат и работат во овие простории да им посакам многу знаење, успех во работата и во учењето“, рече Мицкоски.

Реконструкцијата на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ е дел од пошироката програма за подобрување на условите во образовните институции во Тетово, која се спроведува во соработка меѓу централната и локалната власт.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top