Македонија

Тоа што ви го прават Грците и Бугарите е европски срам, Дончиќ искажа личен став за траорот на Македонија

Еден од нормалните политичари во ЕУ

За сите нормални луѓе во европската политика односот на Атина и Софија кон Македонија е огромен срам.

Меѓу овие нормални политичари е и лидерот на хрватските социјалдемократи.

,,Лично мислам дека она што ви го правеа и што уште ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е европска срамота. Тие работи треба да останат билатерални, да ги решава Македонија со Грција и со Бугарија, а не да постојат вета, некакви забрани за македонскиот пат во Европа”, изјави претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Хајдаш Дончиќ по денешната средба со својот домаќин, лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

На заедничката прес-конференција по средбата, Дончиќ напомена дека СДП силно ја поддржува европската перспектива на Македонија.

И тој и Филипче се согласија дека ЕУ не треба да се гледа како стратешка цел, туку како инструмент за стигнување до стратешката цел, а тоа е, рекоа, подобар живот за граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

To top