Македонија

Томислав Главчев вели дека тој е рекетираниот бизнисмен во Рекет 2

Сакам да верувам дека е ова една сериозна предистрага и дека правда ќе има бидејќи страшно е со какви нешта се служеше бандата од СЈО

Бизнисменот и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Томислав Главчев потврди дека е подносител на кривичната пријавата против поранешните обвинители на распаднатото Специјално обвинителство, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.

Во изјава за МКД тој вели дека сака да верува во правда и дека со сериозни чекори се работи во предистрагата која е почната во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција по поднесената кривична пријава во Министерството за внатрешни работи, а која се однесува на барање рекет за случајот „Поштенска банка“.

По седум години бизнисменот до детали се сети на денот, часот, датумот и годината на неговото приведување, но и на тоа дека обвинителката Стефанова е таа која постапувала по неговиот предмет во периодот кога се одлучувало за притворот.

– Пред повеќе од 2 месеци поднесов кривична пријава за рекетирање и за измислување на докази против мене за случајот ‘Поштенска банка’. На 13 октомври 2018 година во сабота во 5 часот наутро бев приведен, за потоа, истиот ден во 20 часот да бидам спроведен во суд каде дојде обвинителката Лиле Стефанова со куп документи. Гледам има некоја изјава дека не постапувала воопшто по предмет во кој сум бил јас, но тоа е лага, бидејќи кога се одлучуваше за притворот против мене таа беше таму и таа постапуваше. Барањето за притвор беше отфрлено, а по ова обвинителката поднесе жалба која исто така беше отфрлена. Самите судии кои требаше да постапуваат во ‘Поштенска банка’ бараа изземање, а кога тоа им беше отфрлено кажаа дека ќе го водат предметот бидејќи мораат – вели во изјавата бизнисменот Главчев.

Тој не откри детали за тоа како и колку пари му биле побарани, бидејќи како што изјави постапката е во предистрага која е тајна и ќе почека да го види исходот.

– Сакам да верувам дека е ова една сериозна предистрага и дека правда ќе има бидејќи страшно е со какви нешта се служеше бандата од СЈО. Случајот со ‘Поштенска банка’ заврши со запирање на постапката. Јас се надевам дека ова е едно поинакво време за разлика од тоа во кое постоеше СЈО и бандата, а се надевам и дека таа банда конечно ќе се распадне и нема повеќе да прави штети – вели Главчев.

Во случајот „Поштенска банка“ тој беше обвинет заедно со други лица за перење на 5 милиони евра.

Во МВР Главчев поднел кривична пријава против Рустеми, Јанева и Стефанова.

Од друга страна, пак, обвинителите Рустеми и Стефанова најавија контра-кривични пријави за бизнисменот кој се појавува во новата афера наречена „Рекет 2“. Тие сметаат дека бизнисменот лажно ги пријавил оти бил изложен на рекет.

На прашањето како во услови кога предистрагата е тајна тој знае какви докази има во кривичната пријава, Рустеми одговори:

– Знам бидејќи јас го работев предметот и поднесов обвинение против него – вели Рустеми за Република.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top