Македонија

Тошковски: 310 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште

За само шест дена биле доставени и наплатени приближно 11.500 казни, во вредност од околу 8,5 милиони денари

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во утринската програма на Телевизија Алфа, соопшти дека околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште, односно сите кандидати кои успешно ги поминале предвидените селекции, проверки и елиминациони критериуми. Иако првично беше предвиден прием на 200 ученици, по направените анализи и консултации, како и по обезбедувањето на потребните финансиски средства, Владата донела одлука да бидат примени сите кандидати кои ги исполнуваат условите.

„Вкупната бројка на кандидати кои ги поминаа елиминационите критериуми поврзани со образованието, потребните оценки, поведението, физичките и здравствените карактеристики е околу 300 деца. Направивме детална анализа дали ќе можеме да ги примиме сите, разговаравме со Министерството за финансии и Владата донесе одлука дека ќе можеме да ги примиме сите. Навистина ќе беше жално да испуштиме кое било од тие деца кои ги исполниле условите“, истакна Тошковски.

Министерот изрази задоволство од големиот интерес за повторно воспоставеното Средно полициско училиште, за кое се пријавиле над 600 кандидати, оценувајќи дека младите покажале желба својата професионална иднина да ја градат во служба на државата и безбедноста на граѓаните. По 26 години, училиштето повторно започнува со работа од 1 септември, а учениците своето образование ќе го продолжат во трета и четврта година.

Тошковски потенцираше и дека сите ученици кои успешно ќе го завршат Средното полициско училиште ќе бидат дел од системот на Министерството за внатрешни работи, согласно договорот што Министерството го склучува со нив.

„Сите кои успешно ќе го завршат Средното полициско училиште ќе бидат дел од системот. Министерството за внатрешни работи е должно да ги обезбеди сите потребни услови тие да станат дел од МВР. Убеден сум дека оваа генерација во иднина ќе биде гордост на Министерството за внатрешни работи“, нагласи Тошковски.за само шест дена биле доставени и наплатени приближно 11.500 казни, во вредност од околу 8,5 милиони денари.

Во интервјуто министерот се осврна и на досегашните резултати од системот „Безбеден град“, особено на започнатото санкционирање на прекршоците сторени со возила со странски регистарски таблички. Според податоците што ги соопшти, Притоа, Тошковски нагласи дека наплатата на казните не е примарната цел на системот, туку спасувањето човечки животи.

Како најзначаен показател за ефектите од системот, министерот го издвои намалувањето на бројот на жртви во сообраќајот. Според податоците изнесени во интервјуто, заклучно со крајот на август минатата година биле регистрирани 96 жртви, додека во истиот период годинава бројката е намалена на 58 жртви.

„Човечкиот живот нема цена. Тоа е нашата стратегија и нашата цел. Мораме да излеземе од црните статистики што Македонија со години ги има во споредба со европските држави и убеден сум дека, ако продолжиме со вакво темпо, во следните две-три години можеме значително да се приближиме до европскиот просек“, порача Тошковски.

Министерот информираше и дека продолжува проширувањето на „Безбеден град“ на територијата на целата држава. Според најавениот план, примената на системот на територијата на СВР Велес треба да започне во првата половина на септември, а до крајот на септември и на подрачјето на СВР Охрид. Потоа следуваат СВР Струмица и СВР Штип, а се планираат активности и за имплементација на системот на територијата на СВР Битола. Целта е паметниот систем да биде имплементиран на целата територија на државата.

Во делот на управните служби, Тошковски оцени дека во изминатите две години е направена значајна промена во начинот на кој граѓаните ги добиваат услугите од Министерството. Тој посочи дека се надминати проблемите со недостигот на обрасци и големите гужви, а услугите се децентрализираат преку отворање можности граѓаните да поднесуваат барања, да се фотографираат и да ги подигнуваат документите и во дополнителни канцеларии на управните служби. Најави и реконструкција на управните служби во Струмица и Велес, како дел од поширокиот процес на подобрување на условите за граѓаните.

Како еден од следните големи проекти, министерот го издвои планот личните карти, возачките дозволи и патните исправи во иднина да се произведуваат во Македонија, преку привлекување светска реномирана компанија која би отворила производствен погон во државата.

„Целта е Македонија конечно да има свое производство на лични карти, возачки дозволи и патни исправи. Веќе имавме контакти со поголем број светски реномирани компании и се надевам дека оваа година ќе го отпочнеме процесот, за година-две да имаме македонски пасош кој за првпат е произведен во Македонија“, истакна Тошковски.

 

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

УКИМ не платил сметки за струја, ако не се плати долгот – факултетите ќе останат во мрак

Дел од државните факултети и Ректоратот од утринава се во мрак поради неплатени сметки за електрична енергија. Ова за Телма го потврдија и од ЕВН. Без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно – математичкиот, земјоделскиот факултет, но и зградата на Ректоратот.

Велковски: Во владина постапка се измените на Законот за детска заштита, од 2027 поголема поддршка за децата со посебни потреби

Измените на Законот за детска заштита веќе се во владина процедура, каде се предвидува зголемување на постоечките државни износи за поддршка, со посебен фокус на децата со посебни потреби, изјави министерот за труд и социјална политика и млади, Ѓоко Велковски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, нагласувајќи дека се очекува овие измени брзо да ја поминат собраниската процедура и од 1 јануари 2027 година децата од оваа категорија да добијат зголемени средства.

Николоски: Од 1 јануари 2027 државата ќе биде единствен организатор на интернет-игрите на среќа и ВЛТ терминалите

Владата останува на ставот за ограничување на игрите на среќа и веќе презеде конкретни законски мерки со кои се намалуваат можностите за нивно организирање, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање на Јована Мојсоска од Левица поврзано со работењето на Државна лотарија, односно дали Владата ќе иницира разрешување на директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, како и дали ќе биде затворена платформата за онлајн коцкање „Мегавин“.

To top