Македонија

Тошковски: СДСМ и ДУИ имаа шанса да бидат дел од решението, но избраа да бидат дел од проблемот

Гласањето за „Безбеден град“ покажа дека двете партии се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, вели првиот полицаец

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во објава на Фејсбук се заблагодари за изгласувањето на Законот за прекршоци, со кој е аминуван „Безбеден град“, а не ги забориви СДСМ и ДУИ, кои решија да не дадат поддршка на системот за набљудување и регистрирање прекршоци во сообраќајот.

„Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека, кога постои политичка храброст и одговорност, можат да се донесуваат одлуки што директно го штитат животот на граѓаните. Искрена благодарност до сите пратеници кои го поддржаа законот и покажаа дека безбедноста во сообраќајот, заштитата на човечкиот живот и јавниот интерес се поважни од дневната политика. Со оваа одлука, Собранието испрати силна порака дека државата конечно презема системски чекори против сообраќајниот хаос и бесмислените загуби на човечки животи.
Посебна благодарност до граѓаните. Во тест периодот тие покажаа дека знаат, можат и сакаат да бидат дел од решението. Со промена на однесувањето во сообраќајот, со почитување на правилата и со зголемена свесност, граѓаните директно придонесоа за поголема безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи, повредите и жртвите. ‘Безбеден град’ не е систем за казнување, туку систем за спасување животи, а токму граѓаните први го препознаа тоа.
За жал, денешното гласање уште еднаш покажа дека СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи. Иако никогаш немаа храброст јавно да ја признаат својата коалиција, денес таа повторно излезе на површина преку заедничкото гласање против систем кој веќе дава резултати и спасува животи. Овој пат не се одлучуваше за функции, договори или политички пазари, туку за безбедноста на граѓаните, а тие наместо да направат чекор напред, свесно избраа да останат заробени во истите шеми, влечејќи ја државата назад. Имаа шанса да бидат дел од решението, но избраа да бидат дел од проблемот. Со тоа го направија својот избор и за тој избор ќе сносат политичка и морална одговорност пред македонските граѓани“, порача Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

Филипче инсистира на референдум: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Филипче повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

ВМРО-ДПМНЕ: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

За компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот – 200.000 евра казни

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири

To top