Македонија

Тошковски со унгарскиот колега: Зајакнување на безбедносната соработка, размена на искуства за „Безбеден град“ и полициски обуки

Билатерална средба Тошковски – Пинтер

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на покана на својот унгарски колега Шандор Пинтер, во периодот од 14 до 16 јануари реализира билатерална посета на Министерството за внатрешни работи на Унгарија со цел продлабочување на безбедносната соработка и размена на конкретни искуства и добри практики.

Како што соопшти МВР, во рамките на посетата министерот Тошковски остварил билатерална средба со министерот Пинтер, на која биле разгледани прашања од заеднички интерес, со посебен фокус на управувањето со миграциските текови, борбата против организираниот криминал и современите безбедносни предизвици. Министерот Пинтер го истакнал значајниот и конкретен придонес што Македонија го дава во спречувањето на илегалната миграција нагласувајќи дека улогата на македонската полиција е од суштинско значење за безбедноста на Европа.

– Посебно внимание беше посветено на искуствата на Унгарија во воспоставувањето и примената на системи за автоматско детектирање сообраќајни прекршоци во контекст на тековната имплементација на системот „Безбеден град“ во Македонија. Во таа насока беа разменети мислења за практичните аспекти, институционалната подготвеност, правната рамка и ефектите од примената на ваквите системи, со цел користење на најдобрите европски практики – истакнал министерот Тошковски.

Во делот на борбата против трговијата со дрога биле презентирани законските и институционалните решенија што Унгарија ги има спроведено во областа на кривичното санкционирање, при што беа споделени искуства за влијанието на построг и појасен казнен пристап врз сузбивањето на организираните наркомрежи и зајакнувањето на превенцијата.

Во рамките на посетата била потпишана декларација за соработка во спроведувањето обуки за полициски службеници помеѓу Центарот за обука на МВР и Центарот за полициска едукација и обука на МВР на Унгарија, со што се отвораат можности за долгорочна и практична размена на знаења и искуства. Воедно, била упатена покана унгарскиот Центар да се приклучи кон Регионалната асоцијација на центрите за обука и полициски академии на Југоисточна Европа, формирана на иницијатива на нашето МВР.

Министерот Тошковски остварил и работна средба со директорот на унгарското Национално биро за истраги, Арон Јенеј, на која биле разменети искуства за институционалната поставеност, оперативните модели и пристапите во сузбивањето на најсериозните форми на организиран криминал. Дополнително, била реализирана и средба со директорот на Националниот директорат за менаџмент на катастрофите, Золтан Гора, со фокус на системот за управување со кризи, меѓуинституционалната координација и практичните искуства во справувањето со катастрофите.

– Унгарија е докажан пријател и партнер на Македонија, а посетата претставува уште еден чекор кон зајакнување на соработката, размената на искуства и градењето партнерства, кои придонесуваат за поголема безбедност, стабилност и европска перспектива – потенцира министерот Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top