Македонија

Тошковски: Тротинетите се огромен проблем за безбедност во сообраќајот

Треба да одиме со порадикално решение во дел на забрани, старосна граница за управување и можеби регистрација, вели министерот за внатрешни

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ, најави серија реформи и засилени контроли во сообраќајот.

Тој ги посочи електричните тротинети како огромен безбедносен предизвик.

Тошковски откри дека веќе се консултирал со голем број амбасадори за искуствата од нивните земји и најави законски измени.

„Овде мислам дека треба да одиме со порадикално решение во дел на забрани, старосна граница за управување и можеби регистрација. Тротинетите се огромен проблем од аспект на безбедност во сообраќајот и се надевам на конкретни решенија во најбрзо време,“ најави тој.

Во однос на новата мерка со која со „Б“ категорија може да се управува мотоцикл до 125 кубици, Тошковски појасни дека ова е одговор на барањата на граѓаните и е во согласност со европските практики (Шпанија, Италија, Грција).

„Дозволивме управување на мотори до 125 кубици за оние кои ги исполнуваат законските услови – соодветна возраст и посетени едукативни часови во автошколите.

Сметаме дека ова е добра мерка, под услов да се почитуваат правилата, да се носи кацига и да се вози со пропишана брзина,“ заклучи Тошковски, во гостувањето на „Телма“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top