Хроника

Во септември констатиран 871 прекршок со електричен тротинет, одземени 17

Најголем дел, односно 377 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига), соопшти МВР

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли во септември на целата територија на државата, при што констатира 871 прекршок направен од возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети).

Најголем дел, односно 377 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци, вкупно 290, се констатирани на подрачјето на СВР Битола, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125, СВР Струмица 113 итн.

Во рамки на контролите евидентирани се и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Исто така, во текот на контролите одземени се 17 електрични тротинети.

Дополнително, констатирани се и 5.362 прекршоци што ги направиле други учесници во сообраќајот.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Сара Ѓ. (26) со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – обвинетиот насилник Кристијан Корабоски (31) не дојде

Во Основниот суд во Охрид денеска беше одложено првото рочиште од судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната охриѓанка Сара Ѓ.. Ново рочиште е закажано на 1 декември, објави „Сител“.

To top