Македонија

Тошковски: Уште еден чекор кон побезбедни патишта

33 нови полициски мотоцикли за сообраќајната полиција

Со 33 нови полициски мотоцикли и исто толку комплети мотоциклистичка опрема се зајакнуваат капацитетите на сообраќајната полиција. Опремата е обезбедена од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и денеска официјално ѝ беше предадена на Министерството за внатрешни работи.

На примопредавањето присуствуваа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на РСБСП Горан Ангеловски. Станува збор за мотоцикли „Piaggio Beverly 310 HPE“ во полициска изведба, придружени со заштитни кациги, јакни, панталони, чизми, како и летни и зимски ракавици.

Вкупната вредност на набавката изнесува 16.845.561 денари. Според надлежните, новата опрема ќе обезбеди поголема мобилност, поефикасно регулирање и контрола на сообраќајот, како и подобри услови за работа на полициските службеници.

Тошковски оцени дека набавката претставува конкретен резултат на соработката меѓу МВР и РСБСП, со заедничка цел – унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви.

„Денеска не зборуваме само за 33 нови мотоцикли и опрема, туку за дополнително зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција и за уште еден чекор кон побезбедни патишта. Ова е пример како треба да функционира меѓуинституционалната соработка – со конкретни проекти и резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат“, истакна Тошковски.

Тој нагласи дека модернизацијата на сообраќајната полиција е дел од поширокиот пристап на МВР за унапредување на сообраќајната безбедност, во кој значајна улога има и системот „Безбеден град“.

Според Тошковски, резултатите од системот во намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди, повредени и загинати лица се дополнителен мотив за продолжување на активностите. Тој порача дека зад секоја статистика стои човечки живот и дека целта на сите мерки е да се спасат што повеќе животи.

Претседателот на РСБСП Горан Ангеловски посочи дека Советот и оваа година издвојува средства за модернизација и опремување на организациските единици на МВР задолжени за контрола и регулирање на сообраќајот.

Тој оцени дека набавката на мотоциклите и комплетната опрема значително ги зајакнува капацитетите за сообраќајна контрола и претставува уште еден пример за успешна меѓуинституционална соработка.

Тошковски и Ангеловски ја потврдија определбата за продолжување на соработката преку нови инвестиции, превентивни активности и проекти насочени кон подигнување на сообраќајната култура.

Крајната цел е намалување на бројот на сообраќајни незгоди, повредени и загинати лица и создавање побезбедни услови за сите учесници во сообраќајот.

Најнови вести од: Македонија

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

Кос: Многу земји имаат заедничка историја – да се насочиме на иднината

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека „иако многу земји имаат заедничка историја, фокусот треба да биде на иднината и на она што може да го постигнат заедно“. „„Многу земји имаат заедничка историја. Добро е што го признаваме тоа, но да гледаме кон иднината и кон она што можеме заедно да го постигнеме“, истакна Кос.

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото, порача денеска македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција по Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Софија, одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од денешната средба со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова.

Муцунски за Ива Михаилова: Владата не се меша во судењето, бугарски лекари ќе можат да ѝ ја проценат здравствената состојба

Македонија е подготвена да овозможи посета на бугарски медицински специјалисти кои би се запознале со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михаилова, потврди министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој посочи дека случајот има два одделни аспекти – судскиот процес и здравствената состојба на Михајлова.

Јаневска: Ги обучуваме наставниците за користење вештачка интелигенција, за да им помогнат на учениците да ја употребуваат правилно

Најуспешните наставници и училишта по 9-месечната обука за вештачка интелигенција добија сертификати. Министерството за образование и наука ги спроведе обуките во соработка со Brainster Next.

Пронајдени дрога и оружје кај жител на Глумово, Скопско, по што е лишен од слобода

Вчера, на 7 октомври 2026 година, околу 8 часот изутрината полициски службеници од од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.М. (43) од селото Глумово, Скопско.

To top