Македонија

Трагедија во Чешка, почина син на еден од најголемите македонски бизнисмени

По неколкудневни обиди на лекарите да го спасат младиот спортист и бизнисмен им подлегнал на тешките повреди

Од последици на несреќа за време на меѓународна мотоциклистичка трка во Чешка, починал познатиот македонски бизнисмен Душко Чифлиганец.

Синот на познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец бил тешко повреден во трката што се случила пред два дена.

По неколкудневни обиди на лекарите да го спасат младиот спортист и бизнисмен им подлегнал на тешките повреди.

 

 

Чифлиганец кој бил страсен спортски мотоциклист  беше и заменик претседател на „Адора бизнис групација“ од Скопје и директор на Adora Living Solutions. Неговото име е поврзано со повеќе успешни бизнис проекти.

Познат е и како хуманист кој помагал на спортски и хуманитарни настани.

 

Веста за смртта на младиот Чифлиганец е дочекана со неверување кај бизнис заедницата, спортските кругови и пошироката јавност во Македонија.

 

Пред само два месеци тој добил желби што за жал не се остварија

 

Не се оствари желбата на соработниците на Душко Чифлиганец од пред два месеци

 

Најчитани статии

 

Екс градоначалникот брутално искрен за луѓето кои ја влечат Македонија кон дното

 

Сопственикот на Тинекс ги откри луѓето кои што се еден од најголемите проблеми за Македонија

 

Проценете сами дали претседателката го одржа најважниот говор во историјата на независна Македонија

 

„И туѓо царство не ќе постои во наш’та мила татковина…” – Го доби ли Македонија најдобриот политички говор од независноста

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

(Видео): Ребалансот е поради лошото менаџирање на економијата, вели Филипче

Опозицискиот лидер оцени дека и покрај намалувањето на ДДВ и акцизата, вкупната цена на горивата во изминатиот период пораснала за повеќе од 50 отсто, што според него значи дека приливите во Буџетот од ДДВ и акцизи не би требало да бидат намалени, туку би требало да останат најмалку на истото ниво.

(Видео): Владата најавува нов ребаланс до крајот на месецов – Од каде ќе се крати?!

Поради намалените буџетски приходи за околу 7 до 8 милијарди денари по основ на акциза и намалено ДДВ за горивата, премерот за месецов најави ребаланс на буџетот, оти како што рече, за Владата прв приоритет е стандардот на граѓаните.

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија во обид да се тргне бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија

Од бугарското Министерство за надворешни работи за бугарската информативна агенција БТА потврдиле дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат во заднината на меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија, чиј домаќин ќе биде министерката Велислава Петрова.

To top