Македонија

Не се оствари желбата на соработниците на Душко Чифлиганец од пред два месеци

Му посакале многу здравје, радост и уште многу години исполнети со успех

 

Не се оствари желбата на соработниците на Душко Чифлиганец од компанијата Адора кому пред два месеци на роденденот му посакале уште многу години здравје и успеси.

 

Неговите соработници го опишуваат младиот Чифлиганец кој почина денеска како лидер со визија.

 

,,Со голема радост го славиме роденденот на Душко Чифлиганец, Заменик Претседател на Adora.

 

Неговата визија, посветеност и лидерство се движечка сила зад многу од нашите заеднички успеси.

 

Горди сме што секојдневно учиме и растеме со него – човек кој инспирира со делата, а не само со зборовите.

 

Му посакуваме многу здравје, радост и уште многу години исполнети со успех, визија и нови предизвици”, му порачале соработниците на Душко Чифлиганец на 29 Мај оваа година на неговиот 32 роденден.

 

Чифлиганец почина по несреќа на мототрка во Чешка.

 

Поврзана содржина

 

Починатиот млад бизнисмен бил тивок, скромен и воспитан млад човек кој зрачел со напорна работа, посветеност и приземјеност

Пијанманова за загинатиот Душко Чифлиганец: Беше тивок, скромен и воспитан млад човек

 

Лекарите не успеале да го спасат младиот Македонец по здобиените повреди

Трагедија во Чешка, почина син на еден од најголемите македонски бизнисмени

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top