Македонија

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА

Тој смета дека би требало од Белград повторно да се побараат информации за атентатот на претседателот Киро Глигоров

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање за враќање на досијеата на УДБА.

Тој смета дека би требало од Белград повторно да се побараат информации за атентатот на претседателот Киро Глигоров, бидејќи, како што вели, после убиството на поранешениот српски премиер Зоран Џинџиќ, лично тој иницирал да се побараат информации, но според неговите информации, српските власти тогаш не биле заинтересирани да споделат било какви податоци.

„Ова е добра можност, при промената на власт, бидејќи во суштина има континуитет на владеење во Србија долги години, да се покрене тоа прашање, не само за информациите за обидот за атентат на Киро Глигоров, туку во целина“, посочи Трајанов во гостувањето на ТВ Сител.

Воедно, тој вели дека е можно Хрватска и Словенија исто така да ги бараат своите досиеја и тоа да биде услов за патот на Србија кон Брисел.

Најнови вести од: Македонија

Повикот на Виктор Берар до Хелените од 1904 да ја согледаат големината на Македонската идеја, а тие сега „слават 114 години од ослободувањето на Костур“! (1)

Со активности на највисоко државно рамниште, но и со други настани во поширокиот костурски регион во Егејска Македонија, денес во Грција, од 8 до 28 ноември 2026 година се „прославува 114-тата годишнина од ослободувањето“ на инаку македонскиот град Костур. Во Првата Балканска војна грчката војска влегува во него на 11 ноември 1912 година без никакви борби со турската војска. Всушност, дали сега се „слави ослободувањето“ на Костур не од Турците, туку од Македонците така што се бришат секакви какви траги од постоењето македонско население, македонски јазик и идентитет, македонска свест?! Александар Грличков токму на денешен ден, на 14 ноември 1961 година во улога како претседател на Извршниот совет на НР Македонија остро ја нападнал Атина дека нејзина „крајна цел е да ја избрише македонската национална самосвест кај Македонците во Грција“. Додека Грците и Бугарите упорно повеќе од еден век го негираат идентитетот и јазикот на македонскиот народ, Виктор Берар како дел од француската интелектуална елита во своето време уште пред 122 години јасно и гласно ќе им укаже ним дека постои не само македонски народ, туку и Македонска идеја! „Грците упорно го негираат постоењето на Македонската идеја, но би било подобро да ја согледаат нејзината големина и нејзините изгледи за иднината! Грците и Бугарите ќе изгубат премногу со будењето на македонското чувство!“ – напишал Берар (10.8.1864-13.11.1931) во својата прочуена студија „За Македонија“ („Pro Macedonia“) од 1904 година.

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула – од сега очекувам само раст и поинтензивен развој

Она што ме охрабрува е прометот во индустријата што е над 5,5 отсто поголем во споредба со третиот квартал минатата година. Тоа значи дека расте прометот во индустријата и дома и на меѓународниот пазар

Франција подготвена да внесе повеќе сигурност во евроинтеграцијата на Македонија

Има Договор и тој треба да биде имплементиран, ама легитимно е јасно да биде кажано дека потоа нема да има нови дополнувања, други чекори по патот, освен оние од нормалниот процес на реформи

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа во ЕУ

„Алта банка“ немала забрана за работење во Европската Унија туку случајот со нејзиниот удел во „Адико банка“ се однесува на суспензија на гласачките права поради ненавремено пријавување акционерски удел

To top