Македонија

Треба и Македонија да тргне на патот кон „Новата Европа на суверени нации“, која многу повеќе ги почитува националниот идентитет и суверенитет, одошто сегашнава ЕУ!

Државно-политичкото раководство и дипломатијата на Македонија можат и треба да ги зголемуваат сѐ повеќе своите натамошни активности во насока на развивање содржајни контакти со лидерите на „Вишеградската четворка“, односно со државните и национално-политички лидери на Полска, Чешка, Унгарија и Словачка, за да се успее колку е можно повеќе да се изамортизира притисокот на Бугарија и ЕУ за промената на македонскиот устав. Но и за да се фатат ритмот и чекорот во градењето на „Новата Европа на суверени нации“.

Пишува: Свето Тоевски

На претседателските избори во Полска во јуни годинава победи Карел Навроцки, што претставуваше значително изненадување и резултат спротивен на истражувањата на јавното мислење. Угледни европски политички експерти и експерти за прашањата на европската политика, коментираат дека „победата на Карол Навроцки претставува пораз на Европската унија“! Д-р Катерине де Вриес, професорка по политички науки и експерт за европска политика од Бокони универзитетот од Милано, Италија, предупредува дека „за иднината на Европа нема да се одлучува само во Брисел, туку ќе зависи подеднакво и од изборите во Варшава, Букурешт и другите европски главни градови“.

Д-р Де Вриес: Трамп создава политички простор за лидерите, кои ги нагласуваат националниот суверенитет и идентитет

Во својата анализа со наслов „Претседателските избори во Полска откриваат длабоки поделби со европски и глобални импликации“, објавена на 3 јуни 2025 година на интернет-порталот на Институтот за европска политика на Бокони универзитетот во Милано, Италија, Катерине Де Вриес нагласува дека „победата на Навроцки е морален поттик за меѓународното движење околу претседателот на САД Доналд Трамп“. „Се случува ‘ефектот на Трамп’: тој создава политички простор за лидерите, кои ги нагласуваат националниот суверенитет и идентитет. Во ерата на Трамп се покажува колку е тесно е поврзана крајната десница на Европа со американскиот трампизам. Исходот од изборите во Полска служи како предупредување за проевропските политичари. Иднината на Европа повеќе нема да се одлучува само во Брисел, туку ќе зависи подеднакво и од изборите во Варшава, Букурешт и другите европски главни градови.“ – заклучува оваа експертка за европска политика во својата спомената анализа.

„Торунската декларација“ на Навроцки и Менцен како одраз на мнозинското расположение на полскиот народ против постојната (гео)политика на ЕУ

Новиот полски претседател Навроцки ја изготви „Торунската декларација“ заедно со неговиот соперник во третиот круг на полските претседателски избори Славомир Менцен, со цел, како што пишува во таа декларација, „да се спречи пренесувањето дополнителни овластувања од Полска врз институциите на ЕУ“. Во тој акт се содржани и други точки, кои се означени како како одраз на мнозинското расположение на полскиот народ против постојната (гео)политика на ЕУ“.

Карол Навроцки ќе претставува допрва и тоа голема закана за Брисел, за Урсула Лаен и другите челници на ЕУ. Во истиов контекст се наметнува дилемата: дали ќе успее и Андреј Бабиш да победи на парламентарните избори во Чешка во октомври годинава, па да стане и тој предизвик и закана за ЕУ, како што се Виктор Орбан и Роберт Фицо, а со нив веќе и Навроцки? Може ли да се случи веќе од оваа есен да започнат да се обединуваат овие политички лидери од државите-членки на ЕУ од Источна Европа во своите политики против Брисел и да застапуваат политики и ставови, кои ќе бидат во значителна мера дури и спротивставување на политиките на Макрон, Мерц, Урсула Лаен и другите челници на ЕУ? Дали ќе стане можно и во групата држави од така наречената„Вишеградска четворка“, односно Чешка, Унгарија, Полска и Словачка да почне да се осмислува платформата за „Новата Европа на суверени нации“? 

Лидерите на „Вишеградската четворка“ чекорат кон „Новата Европа на суверени нации“ како замена за постојнава ЕУ, која ќе доживее или внатрешен распад, или целосен „ремонт“!

Постојните случувања укажуваат дека Навроцки и другите државни и политички лидери од тие важни четири држави-членки на ЕУ се повеќе ги осмислуваат своите чекори на патот токму за градењето на таа „Нова Европа на суверени нации“, како замена за постојнава Европска унија, која ќе доживее или внатрешен распад, или целосен „ремонт“. Зашто, растат поделбите во Европската унија, како и спротивставувањата кон политиката, што ја води ЕУ против националните суверенитети и против барањата на поодделните држави-нејзини членки.

Не бараат само Полска, Унгарија, Чешка и Словачка да располагаат во многу поголема мера со своите внатрешни и надворешни државни суверенитети, одошто е ситуацијата сега. Тука се и Алтернатива за Германија со нејзината растечка популарност во Германија, партијата на Матео Салвини во Италија, партијата Национално собирање во Франција…. Нема да претставува никаква „пропаганда против“ ЕУ ако се искаже констатацијата, втемелена врз реални аргументи, дека сево ова се претвора во се посериозни закани за самата внатрешна архитектура и постоење на ЕУ!

Државно-политичкото раководство и дипломатијата на Македонија можат и треба сѐ повеќе да ги зголемуваат  своите натамошни активности во насока на развивање содржајни контакти со лидерите на „Вишеградската четворка“, односно со државните и национално-политички лидери на Полска, Чешка, Унгарија и Словачка, за да се успее колку е можно повеќе да се изамортизира притисокот на Бугарија и ЕУ за промената на македонскиот устав. Но и за да се фатат ритмот и чекорот во градењето на „Новата Европа на суверени нации“.  Но и за да се фатат ритмот и чекорот во градењето на „Новата Европа на суверени нации“.

Местото на Република Македонија се покажува дека ѝ е само таму, штом постојнава ЕУ знае само да испоставува само ултиматуми и наредби кон Македонија во улога како „адвокат на бугарските интереси“, тонејќи едновремено во својата геополитичка безначајност, лицемерност и неспособност да одговори на потребите на македонскиот и другите европски народи.

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со која било политичка партија во Република Македонија. Ставовите на авторот не се став на редакцијата на „Експрес“)

 

 

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Со шверцот на марихуана на „црниот пазар“ Заев и Филипче ја направија Македонија „Колумбија на Балканот“!

„Каде е менторот Зоран Заев, таму е и чиракот Венко Филипче, кој дословно го учи занаетот од него. Каде има криминал, корупција, па и производство и шверц на дрога, таму е и Заев. Бизнисот со марихуана, кој наместо за медицински цели, завршувал на црниот наркопазар, поминувал со аминување на Заев и Филипче. Со ова Македонија ја направија ‘Колумбија на Балканот’.“ – нагласува Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од ВМРО ДПМНЕ, во денешното обраќање до јавноста.

Дурловски против Фрчковски: Секој обид за „висока мисла“ за Заев завршува како пародија

Оперскиот уметник и јавен коментатор Игор Дурловски со остра реакција на социјалните мрежи го критикуваше јавниот дискурс поврзан со поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи дека станува збор за длабока морална и интелектуална празнина во која, како што наведува, секој обид за „висока мисла“ завршува како пародија.

ALTA Банка овозможи SEPA кредитни трансфери

Од денес, АЛТА банка АД Битола официјално овозможи извршување и прием на SEPA кредитни трансфери, со што на своите клиенти им нуди побрзи, поекономични и стандардизирани плаќања во евра кон и од земјите членки на Единствената област за плаќања во евра (SEPA).

350 планинари го искачија Клепа во чест на Калина и Александар

Искачувањето традиционално беше посветено на прерано загинатите планинари Калина Велеска и Александра Миновски, кои учествуваа на првото издание на манифестацијата, а на 10 февруари 2018 година трагично го загубија животот при искачување на врвот Кајмакчалан.

To top