Македонија

„ДУИ од шовинизам на дело, поминува во совршено ефтини лаги“: Градоначалникот на Бутел со остра реакција

ДУИ се побуниле за наводно неодбележување на Денот на албанската азбука, што според градоначалникот не е точно

По експресното задушено “востание” на ДУИ, Али, оџата со желба за политичар, Фуки, кримосите што чекаат да градат згради во Бутел, и некои други структури. ДУИ од шовинизам на дело, поминува во совршено ефтини лаги кои следен пат на локални избори ќе ги донесат до пожестоко задушување на крими “востанието” – ова денеска го објави на својот Фејсбук профил, градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој укажува дека опозициската ДУИ се побуниле за наводно неодбележување на Денот на албанската азбука, што според градоначалникот не е точно.
– ДУИ по портали се буни дека во текот на вчерашниот ден, во училиштата каде што учат албанци не бил одбележан денот на албанската азбука. Како и сите четири години наназад, така и вчера денот на албанската азбука беше одбележан во сите училишта каде што учат албанци, освен во ООУ “П. З Пенко” бидејки настанот ќе се одржи во понеделник.

Проектите и развојот на општината не можете да ги покриете со ниту една глупост што ќе ви падне на памет, а ќе ви паѓа, затоа што толку можете.

Неспособноста, жестокиот криминоген порив и шовинизмот, секогаш низ политичката историја се бранел со голи лаги.
Да ве потсетам уште еднаш, запомнетего резултатот од последните локални избори, следниот ќе биде уште пожесток.
Бутел знае – напиша на крајот градоначалникот.
Еве ја неговата објава:

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top