Македонија

Тргна ли германскиот булдожер или зошто Јотова свика панична средба за Македонија

Што знае Софија што не знае Скопје, или Македонија само се прави дека не знае?

Официјална Софија молчи за причините за ненајавената панична средба на бугарската ВД претседателка Илијана Јотова со бугарските европарламентарци од сите партии која се случи завчера.

На средбата единствена тема беше Македонија и како Бугарија да ги заштити своите позиции во блокадата на Македонија.

Она што беше нејасно завчера а беше објаснувано со промакедонско поведение на австрискиот европарламентарец Вајс, известувач за Македонија, кој бара да се исправи неправдата кон македонските евроинтеграции, стана појасно вчера.

Бугарската претседателка Јотова но и бугарските власти сигурно знаеле дека покрај Вајс во приказната се вклучува и шефот на германската дипломатија.

Јохан Вадефул не зборува за Македонија туку за принципи на однесување на ЕУ кон новите членки од кои бенефит ќе имаат и Македонците.

Паниката во Софија за Македонија според последните информации се должи на ставот на офуцијален Берлин принципот на вето за земјите кандидати од земјите членки да биде елиминиран.

Со тоа Софија веќе нема да може да ја блокира Македонија која ќе може да почне преговори и ако нема поголеми проблеми да ги заврши во исто време со Црна Гора.

Што збореше Јотова на паничната средба за Македонија со своите европарламентарци:

Јотова и европратениците на вонреден состанок за „опасноста“ од гласање со квалификувано мнозинство за Македонија во ЕУ

Што кажа вчера ,,германскиот булдожер” Јохан Вадефул кој досега имал повеќе средби со македонски претставници.

Ветото во ЕУ да оди во историјата, бара германскиот шеф на дипломатијата

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

Денеска, на 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател во Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top