Македонија

Ни Рокас не знае што ќе биде ако Македонија и Бугарија не се договорат за Гоце Делчев и Охридската Архиепископија (ВИДЕО)

Историјата да им ја оставиме на историчарите: Рокас порача дека договорите мора да се спроведуваат со добра волја

Евроамбасадорот Михалис Рокас, одговарајќи на новинарско прашање за 360 Степени за тоа што би се случило доколку нема согласност за историски прашања како Гоце Делчев или Охридската архиепископија, вели дека не може да ги коментира позициите на поединечни земји-членки на Европската Унија во процесот на проширување.

Сепак, тој нагласи дека суштински и најважни во овој процес се добрососедските односи и спроведувањето на веќе постигнатите договори со добра волја.
„Секогаш можеме да им ја оставиме историјата на историчарите. Имаме примери и кај постоечките земји-членки на ЕУ каде ваквите прашања продолжуваат да се дискутираат и по самото пристапување во Унијата“, посочи Рокас.

Според евроамбасадорот, со поставување на хипотетички прашања и сценарија со „ако“ и „но“ не може да се оди напред.

Тој оцени дека сега е вистинскиот момент да се искористи големата можност и силната посветеност од раководството на ЕУ, чии пораки се кристално јасни – Македонија припаѓа во Европската Унија.

„Сакаме да продолжите со пристапните преговори, но секако, договорите и преземените обврски мора да се имплементираат со добра волја и да продолжиме напред. Сметам дека тоа е најсуштинската работа во овој момент и нешто што може да биде навистина трансформативно”, изјави Рокас.

Тој додаде дека динамиката на проширувањето покажува оти земјите постигнуваат конкретни резултати тогаш кога преговараат и кога веруваат дека целта е блиску

Цело интервју

Најнови вести од: Македонија

To top