Македонија Бизнис

Трговците тивко ги зголемуваат цените – Ќе се ограничи ли маржата на храната?!

Министерството за економија и труд ќе го чека извештајот од Државниот пазарен инспекторат од контролите направени кај трговците во текот на јуни и доколку има зголемување на цените на основните производи, тренд што ќе продолжи од мај, министерот Бесар Дурмиши најави дека ќе бидат воведени ригорозни мерки.

Трговците тивко ги зголемуваат цените. Министерството за економија го чека извештајот од Пазарниот инспекторат за проверка на цените на храната. Министерот Бесар Дурмиши рече дека ако во јуни има енормно зголемување на цените на храната и пијалаците, во споредба со мај, ќе преземат поригорозни мерки, но не прецизираше какво зголемување се смета за енормно, ниту за кои производи би се ограничила маржата на добивка.

  • Ќе го следиме однесувањето на трговците, дистрибутерите и производителите. Ако видиме енормно зголемување на цените или девијантно однесување, ќе реагираме можеби со ново ограничување на цените или проширување на листата на производи под контрола – изјави министерот.

Тој додаде дека очекуваното зголемување на цените во мај не е изненадување, особено по завршување на владините мерки. Но, воедно забележа и позитивни трендови кај некои домашни производи, каде е регистрирано намалување.

  • Во март инфлацијата беше околу 2 проценти, што за нас е стабилна состојба. Целта ни е до крајот на годината да ја задржиме инфлацијата под 3 проценти – додаде Дурмиши.

Министерот исто така посочи дека за време на празници трговците често ги зголемуваат цените на најбараните производи, но оваа година, како што рече, биле преземени чекори однапред за да се спречат такви злоупотреби. Очекувањата се дека во следните денови ќе пристигне извештајот за јуни, кој заедно со податоците од Државниот завод за статистика и Инспекторатот ќе биде основа за нови мерки.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top