Македонија Бизнис

Трикови околу цените на храната нема да толерираме, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека доколку се забележи неконвенционално однесување во однос на цените на прехранбените производи, ќе интервенираат како Влада. Да ги почекаме индикаторите. Потрошувачката кошничка зависи од однесувањето на трговските ланци, но и на снабдувачите и дистрибутерите. Како Владата рековме дека трикови нема да толерираме, но исто така, не мислам дека е […]

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека доколку се забележи неконвенционално однесување во однос на цените на прехранбените производи, ќе интервенираат како Влада.

  • Да ги почекаме индикаторите. Потрошувачката кошничка зависи од однесувањето на трговските ланци, но и на снабдувачите и дистрибутерите. Како Владата рековме дека трикови нема да толерираме, но исто така, не мислам дека е сезонско овошје – јагоди, цреши, лубеници за овој период од годината, изјави Мицкоски во однос на синдикалната потрошувачка кошничка.

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги објави минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство за мај кои, според податоците, се зголемени за 1.217 денари во споредба со април. Зголемување од 954 денари има кај храната и пијалаците.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

To top