Македонија Бизнис

Тунелите конечно санирани и проодни, возете без грижа на Демир Капија-Смоквица

Директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на социјалните мрежи се пофали дека пред истекот на рокот ја завршиле санацијата на тунелите Демир Капација 1 и 2 на делницата Демир Капија – Смоквица. „Пред истекот на рокот ја завршивме санацијата на тунелите Демир Капија 1 и 2 на делницата Демир Капија – Смоквица, дел […]

Директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на социјалните мрежи се пофали дека пред истекот на рокот ја завршиле санацијата на тунелите Демир Капација 1 и 2 на делницата Демир Капија – Смоквица.

„Пред истекот на рокот ја завршивме санацијата на тунелите Демир Капија 1 и 2 на делницата Демир Капија – Смоквица, дел од автопатот А1.

Јавното претпријатие за државни патишта викендов (31.05.2025 год., сабота) го пушти во нормален режим сообраќајот на делницата Демир Капија-Смоквица.

Се изврши бојадисување,промена на сите нефункционални светилки, проверка на контролните табли и осветлувањето во SOS говорниците и трафостаниците во тунелот како и проверка на функционалноста на сите камери во тунелите и надвор од нив.

Со направената санација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2 ја подигнавме безбедноста на сите на учесниците во сообраќајот“, напиша тој.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top