Македонија

ТВ Канал 5: Објавена е пречкртана фотографија на Александар Видиновски со „наскоро“, што може да се толкува и како нова закана и повик за убиство!

„Продолжува серијата напади врз новинарот на ТВ Канал 5 Александар Видиновски.“ – објави ТВ Канал 5 во својата фото-вест со наслов „Дали е ова закана за убиство на нашиот колега Александар Видиновски?“

Телевизијата во веста наведува: На општествените мрежи се појави фотографија, објавена од страна на корисникот „Alexander Vasilev“, на која со црвен икс е пречкртан ликот на новинарот Видиновски, а долу е потпишано на англиски јазик „coming soon („наскоро“), што може да се протолкува како повик за убиство, објави ТВ Канал 5 во својата вест 

Најнови вести од: Македонија

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

To top