Македонија

Уапсен скопјанец, фатен како краде нафта од основно училиште

Поради сомнение за сторено кривично дело лишен е од слобода А.Ш. (41) од Скопје.

мвр

На 06.10.2025 година во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик го лишија од слобода А.Ш. (41) од Скопје.

-Имено, А.Ш. бил затекнат во дворно место од основно училиште во с.Сандево, скопско како од резервоарот за нафта одзема нафта, информира МВР.

Нафтата е вратена на одговорното лице од училиштето, извршен е увид и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top