Македонија

Уапсениот директор се соочува со затвор до 10 години

Ако со делото е прибавена значителна имотна корист, сторителот
ќе се казни со затвор најмалку пет години

Уапсениот директор кој вечерва беше приведен за мито вредно 50 ичјади евра се соочува со затвор до 10 години затвор за примање поткуп.

Според Член 357 од Кривичниот законик
службено лице кое директно или индиректно ќе побара или ќе прими
подарок или друга корист или ќе прими ветување за подарок или друга корист
за себе или за друг за да изврши службено дејствие што не би смеело да го
изврши или да не изврши службено дејствие што би морало да го изврши,
ќе се казни со затвор од четири до десет години.

Според ставот 2 од истиот член службено лице кое директно или индиректно ќе побара или ќе прими подарок или друга корист или ќе прими ветување за подарок или друга корист за себе или за друг, за да изврши службено дејствие што би морало да го изврши, или да не изврши службено дејствие што не би смеело да го
изврши, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Ставот 3 предвидува дека службено лице кое по извршувањето или неизвршувањето на службеното дејствие наведено во ставовите (1) и (2) на овој член во врска со него ќе побара, ќе прими или ќе се согласи да прими подарок или друга корист, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Ако со делото е прибавена поголема имотна корист, сторителот
ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Ако со делото е прибавена значителна имотна корист, сторителот
ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Со казната од ставовите (1), (2), (3), (4) и (5) на овој член ќе се казни и одговорно лице, лице кое врши работи од јавен интерес, како и странско
службено лице.

Според законот примениот подарок или имотната корист ќе се одземат.

Повеќе детали

Македонскиот директор бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра

Шеф на македонска институција вечерва уапсен за корупција

Најнови вести од: Македонија

Се унапредуваат условите во ПС Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска официјално ја пуштија во употреба целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар

Соработка меѓу Пустец и Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија” во интерес на македонската заедница

Како прв конкретен чекор од оваа соработка, Здружението започна со директна финансиска поддршка за ангажирање на едно лице, кое хонорарно ќе работи во музејот на познатиот писател Стерјо Спасе во село Глобочани

To top