Македонија

Учениците не се ризична група за западнонилска треска

Во училиштата не биле воведени посебни мерки за заштита од западнонилска треска, бидејќи учениците не се сметаат за ризична демографска група за оваа инфекција

Во училиштата не биле воведени посебни мерки за заштита од западнонилска треска, бидејќи учениците не се сметаат за ризична демографска група за оваа инфекција. Ова денес го изјави министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на пратеничко прашање од Сања Лукаревска од СДСМ на собраниската седница за опозициски прашања.

Клековски објасни дека најмладиот досега потврден пациент со западнонилска треска имал 25 години, додека кај лица помлади од таа возраст досега не е потврден случај.

„Имаме неколку деца кои беа тестирани за западнонилска треска и беа негативни“, рече министерот, додавајќи дека поради досегашните податоци не биле преземени дополнителни мерки за лична заштита на учениците.

Во рамките на општите мерки за спречување на ширењето на вирусот, градоначалниците од скопскиот регион и од другите засегнати општини проверувале потенцијални жаришта. Од вкупно 34 локации биле проверени и училишните дворови, со особено внимание на можната појава на застоена вода, која би можела да претставува ризик.

Според Клековски, здравствените власти главно се насочиле кон граѓаните постари од 60 години, кои се сметаат за најризична група за развој на потешки последици од инфекцијата. Министерот посочи и дека појавата на западнонилската треска е тешко предвидлива, поради што бројот на регистрирани случаи не може директно да се поврзе само со периодот и интензитетот на прскањето против комарци. Како пример ги наведе Карпош и Ресен, каде што биле пронајдени мртви птици позитивни на вирусот, но немало регистрирани случаи кај луѓе. Од друга страна, во Општина Илинден, за која Клековски рече дека е меѓу општините со најмногу прскања во скопскиот регион, биле регистрирани случаи на западнонилска треска.

„Имаме општини каде што се најдени мртви птици со вирусот, а нема ниту еден случај со западнонилска треска“, рече Клековски, посочувајќи дека овие примери ја покажуваат непредвидливоста на состојбата. Тој нагласи дека надлежните институции ги презеле неопходните мерки за следење и справување со епидемијата, при што посебно внимание е посветено на категориите граѓани кои се сметаат за најризични.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top