Македонија

Украдена камбаната од црквата „Свети Спас“ во скопското село Орман

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.“ – соопшти СВР Скопје.

Ноќта меѓу понеделникот и вчера засега непознати сторители ја украле бронзената камбана од црквата „Свети Спас“ во скопското село Орман.

Љ.Д. (64), жител на скопското село од скопски Орман, пријавил дека во периодот меѓу први и втори декември 2025 година била украдена бронзената камбана. 

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера, на 2 декември во 08:45 часот во СВР Скопје, Љ.Д. ја пријавил кражбата, сторена од сѐ уште непознати сторители.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Ќе има ли раст на работничките, а кратење на функционерските плати?!

Синдикатите бараат итно зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарен раст од сто евра за сите други, додека Владата застапува модел на постепен раст. Формулата што ја предлага Владата предвидува кумулативно зголемување од околу 40 проценти до 2028 година, со годишни нивелации меѓу седум и осум проценти.

To top