Македонија

Вајц работи под диктат на Мицкоски и на Муцунски, обвини бугарски европратеник

Членот на Европскиот парламент од ГЕРБ на Борисов му се нафрли во интервју на известувачот за Македонија

Илија Лазаров, член на Европскиот парламент од Бугарија, во интервју за бугарската агенција БГНЕС му се нафрли на известувачот за Македонија, Томас Вајц.

„Секоја промена на европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Северна Македонија во Европската Унија. Томас Вајц е целосно под туторство на Мицкоски и на Муцунски и работи под нивен диктат. Тој во моментов едноставно се прави интересен и ја исполнува волјата на Мицкоски и на Македонија да прави пропагандна бучава. Кога се кандидираш за некој клуб, мора да се однесуваш пристојно и да ги почитуваш правилата. Не може да влезеш, да кршиш прозорци, да клоцаш маси и столови и да се обидуваш да го наметнеш сопствениот простаклак во тој клуб“, изјави европратеникот од ГЕРБ на Бојко Борисов.

 

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top