Македонија

Валандово по втор пат домаќин на Фестивалот на калинката

Фестивал на калинката

Здружението на локален рурален развој Валандер Валандово и Општина Валандово со задоволство го најавува вториот Фестивал на калинка, манифестација посветена на еден од најзначајните земјоделски производи и препознатливи симболи на валандовскиот крај – калинката.

Фестивалот ќе се одржи на 17 октомври 2026 година, при што Валандово повторно ќе биде место на кое ќе се сретнат традицијата, земјоделството, културата, гастрономијата и локалното творештво.

Централниот настан ќе се одржи на плоштадот во Валандово, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата фестивалска програма, презентација и дегустација на производи од калинка, локални земјоделски производи, традиционална храна, ракотворби и културно-уметничка програма.

Посебен акцент ќе биде ставен на локалните производители и преработувачи на калинка, со цел промоција на нивниот труд, создавање нови можности за пласман и афирмација на Валандово како препознатлив регион по производството на калинка.

Фестивалот има за цел да ја зачува и промовира локалната традиција, да ги поддржи земјоделците и производителите, но и да придонесе кон туристичката промоција на Валандово и регионот.

Ги покануваме медиумите, граѓаните, производителите, гостите и сите љубители на традицијата и домашните производи да бидат дел од второто издание на Фестивалот на калинка.

Фестивалот на калинка е повеќе од манифестација – тој е приказна за Валандово, за нашите производители, нашата традиција и нашиот препознатлив плод.

Валандово ве очекува!

Најнови вести од: Македонија

ВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети! – Тој треба да се повлече од политиката!

„Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе.“ – нагласува коалицијата Вреди во денешното соопштение.

Бојковска: Ќе има затвор за ширење лажни информации со кои се загрозува банкарскиот систем

Неодговорно и лицемерно однесувањето на опозициската СДС и нивниот претседател, изминатите денови, со кое однесување ширеа страв, хистерија и паника кај граѓаните во услови кога Народната Банка и Владата се обидуваат да најдат најбрзо решение за преземање на Алта банка

Искра Хаџи Василева: Приоритет е борбата против корупцијата и организираниот криминал

Пред Советот на јавните обвинители рече дека првенствено ќе се залага за се ефикасен кривичен прогон, целисходна работа на обвинителството и максимално искористување на расположливите ресурси

Јаревски: Не е „Алта банка“ ни ТАТ, ни Лавци, ниту пак „Еуростандард“

Банката е ликвидна, обезбедени се штедните влогови, заштитени се и доверителите. Мерките што ги презема Народната банка се веднаш промптни, уште од самиот викенд. Немаме стечај, немаме пропаѓање на банката“, рече пратеникот

To top